Севернондебелејски јазик
Викимедииниот Инкубатор испробува Википедија на севернондебелејски јазик |
Северенондебелејски јазик | |
---|---|
isiNdebele | |
Застапен во | Зимбабве, Боцвана, ЈАР |
Подрачје | Северен Матабелеленд и Јужен Матабелеленд во Зимбабве; Североисточен округ во Боцвана |
Говорници | 2–3 милиони (2001) |
Јазично семејство | |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | nd |
ISO 639-2 | nde |
ISO 639-3 | nde |
Linguasphere | 99-AUT-fk вкл. варијанти 99-AUT-fka до 99-AUT-fkd |
Гатриев код | S.44[1] |
Јазик ндебеле | |
лице | umNdebele |
народ | amaNdebele (пор. Matebele) |
јазик | isiNdebele |
Севернондебелејски јазик (Исиндебеле, Синдебеле) — африкански јазик од нгунската група на банту-јазиците што го говори народот Ндебеле (Матабеле) во Зимбабве.
Јазикот е сроден на зулу од ЈАР, бидејќи народот Ндебеле потекнува од следбениците на водачот Мзиликази, кои го напуштиле Квазулу на почетокот на XIX век, за време на немирниот период мфекане.
Двата јазика наречени „ндебеле“ не се варијанти на еден ист јазик, туку сродни јазици од нгунската група. Северниот е впрочем дијалект на зулу, додека пак постариот јужен ндебеле припаѓа на друга подгрупа. Задничкото име го носат поради контактот со иселениците на Мзиликази и изворниот народ Ндебеле, чија територија ја преминувале при раселбата.
Азбука и гласови
[уреди | уреди извор]Азбуката е лесна и фонетска, а секоја самогласка има по еден глас. Акцентот паѓа на претпоследниот слог.
Самогласките се: a, o, u, e и i.
Постојат три чкрапави гласа: c, q и x.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jouni Filip Maho, 2009. New Updated Guthrie List Online
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Северен ндебеле - проект „MultTree“ (англиски)
- Северен ндебеле - Ethnologue (англиски)
- Говорете ндебеле (англиски)
- Историја на народот Ндебеле (англиски)
|