Севернондебелејски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Северенондебелејски јазик
isiNdebele
Застапен воЗимбабве, Боцвана, ЈАР
ПодрачјеСеверен Матабелеленд и Јужен Матабелеленд во Зимбабве; Североисточен округ во Боцвана
Говорници2–3 милиони  (2001)
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-1nd
ISO 639-2nde
ISO 639-3nde
Linguasphere99-AUT-fk вкл.
варијанти 99-AUT-fka
до 99-AUT-fkd
Гатриев кодS.44[1]
Јазик ндебеле
 лице  umNdebele
 народ  amaNdebele (пор. Matebele)
 јазик  isiNdebele

Севернондебелејски јазик (Исиндебеле, Синдебеле) — африкански јазик од нгунската група на банту-јазиците што го говори народот Ндебеле (Матабеле) во Зимбабве.

Јазикот е сроден на зулу од ЈАР, бидејќи народот Ндебеле потекнува од следбениците на водачот Мзиликази, кои го напуштиле Квазулу на почетокот на XIX век, за време на немирниот период мфекане.

Двата јазика наречени „ндебеле“ не се варијанти на еден ист јазик, туку сродни јазици од нгунската група. Северниот е впрочем дијалект на зулу, додека пак постариот јужен ндебеле припаѓа на друга подгрупа. Задничкото име го носат поради контактот со иселениците на Мзиликази и изворниот народ Ндебеле, чија територија ја преминувале при раселбата.

Азбука и гласови[уреди | уреди извор]

Азбуката е лесна и фонетска, а секоја самогласка има по еден глас. Акцентот паѓа на претпоследниот слог.

Самогласките се: a, o, u, e и i.

Постојат три чкрапави гласа: c, q и x.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jouni Filip Maho, 2009. New Updated Guthrie List Online

Надворешни врски[уреди | уреди извор]