Инјективна функција
Инјекција. Максимум една стрелка до секој елемент во кодоменот B (од елемент од доменот А). |
Во математиката, инјективна функција е функција f : A → B ако различни елементи од A се пресликуваат во различни елементи од B, односно за секој елемент b од кодоменот B постои најмногу еден елемент a од доменот А таков што f(a)=b.[1][2]
Терминот инјективност и сродните термини сирјективност и бијективност беа воведени од страна на Никола Бурбаки (Nicholas Bourbaki)[3] (и група други, главно француски математичари од 20 век) кој почнувајќи од 1935 година напиша серија книги за презентирање на модерната напредна математика.
Не е инјекција. Постои елемент во кодоменот В со две стрелки од (различни) елементи од доменот А. |
Основни својства
[уреди | уреди извор]Формално имаме:
- е инјективна функција ако или еквивалентно
- е инјективна функција ако
Елементот се вика претслика на елементот . Претслика на секој елемент во кодоменот на една инјекција не мора да постои. Во првата слика, елементот {4} нема претслика. Baжно е да има максимум една претслика. (Види и: Сурјективна функција, Бијективна функција)
- Една од најважните особини на инјективните функции е тоа дека инверзна релација на инјективна функција е функција, т.н. инверзна функција. Инверзни функции како што е квадратен корен, логаритамска функција, ... имаат многу голема улога во математиката.
Кардиналност
[уреди | уреди извор]Кардиналноста на едно множество е мерка на бројот на елементите во множеството. На пример, ако A={X,Y,Z,W}, тогаш кардиналноста на А е 4 и пишуваме #A=4.[4]
- Ако кардиналноста на кодоменот е помала од кардиналноста на доменот, функцијата не е инјекција. (Едноставно кажано, нема начин да се пресликаат 6 елементи во 5 елементи без дупликат.)
Примери
[уреди | уреди извор]Елементарни функции
[уреди | уреди извор]Нека f(x):ℝ→ℝ е реална функција y од реален аргумент x. (Значи влез и излез се броеви.)
- Графичко толкување: функцијата f е инјективна ако секоја хоризонтала права го пресекува графиконот на f во најмногу една точка (една или ниедна).
- Алгебарско толкување: функцијата f е инјективна ако f(xo)=f(x1) значи xo=x1.
Пример: Линеарната функција на која било коса права е инјективна, односно y=ax+b каде што a≠0 е инјекција (и сурјекција, така што е бијекција). (Види линеарна функција.)
- Доказ: Нека xo и x1 се реални броеви. Претпоставиме дека се пресликуваат во истиот број, т.е. a·xo+b=a·x1+b. Следува a·xo=a·x1. Бидејќи a≠0, следува xo=x1. Значи кои било два броеви кои се пресликуваат во истиот број се исти. Докажано е дека функцијата y=ax+b каде што a≠0 е инјективна.
Пример: Кубната полиномна функција f(x)=x3 е инјективна. Меѓутоа, кубната полиномна функција f(x)=x3 –3x не е инјективна.
- Дискусија 1: Која било хоризонтална права го пресекува графиконот на
f(x)=x3 точно еднаш. (Оваа функција е и сурјективна.)
- Дискусија 2: На пример, yo=2 има две предслики: x=–1 и x=2 , а всушност за секој y, –2≤y≤2 функцијата
f(x)=x3 –3x има повеќе од една претслика, т.е. повеќе од еден x таков што f(x)=y.)
Пример: Квадратната функција f(x) = x2 не е инјективна. Двата броеви x=2 и x=-2 се пресликуваат во {4} со што е докажано дека оваа функција не е инјективна. (Оваа функција не е ниту сурјективна.)
Забелешка: Со ограничување на доменот, честопати можеме да дефинираме нова функција која е инјективна. На пример, со ограничување на доменот на квадратната функција имаме „нова“ функција, f/[0,+∞)(x):[0,+∞) → ℝ каде што f/[0,+∞)(x) = x2 која сега е инјективна функција. Оваа функција се вика рестрикцијата на f до [0,+∞).
Пример: Експоненцијалната функција f(x) = 10x е инјективна. (Оваа функција не е сурјективна.) Дискусија: Која било хоризонтална права над х-оската го пресекува графиконот на 10x точно еднаш, а останатите хоризонтални прави не го сечат графиконот ниту еднаш.
Забелешка: Инјективноста на експоненцијална функција може да се користи на следниот начин:
- односно
- Пример:
Други примери со реални функции
[уреди | уреди извор]Пример: Инверзната функција на 10x, односно логаритамската функција со основа 10, f(x):(0,+∞)→ℝ дефиниранa со f(x)=log(x) односно y=log(x) е инјективна (и сурјективна).
- Доколку двете множества A и B имаат повеќе од еден елемент, проекцијата на Декартов производ A × B на еден од неговите фактори никогаш не е инјективна функција.
- Дискусија: Кардиналноста на A × B е поголема од кардиналноста на A или B.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Weisstein, Eric. „Injective function“ (англиски). From MathWorld--A Wolfram Web Resource. Посетено на 1 January 2014.
- ↑ C.Clapham, J.Nicholson (2009). „Oxford Concise Dictionary of Mathematics, One-to-One Mapping“ (PDF) (англиски). Addison-Wesley. стр. 567. Посетено на 1 January 2014.
- ↑ Miller, Jeff (2010). „Earliest Uses of Some of the Words of Mathematics“ (англиски). Tripod. Посетено на 1 February 2014.
|contribution=
е занемарено (help) - ↑ Tanton, James (2005). Encyclopedia of Mathematics, Cardinality. Facts on File, New York. стр. 60. ISBN 0-8160-5124-0. (англиски)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Injective, Surjective, Bijective“ (англиски). 2013. Посетено на 1 декември 2013. интерактивен квиз
- „Injectivity, Surjectivity“ (англиски). Wolfram Alpha. Архивирано од изворникот на 2013-11-25. Посетено на 1 декември 2013. интерактивно