Изабела Валоа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Изабела Валоа
Isabelle de Valois.JPG
Кралица на Англија
На позиција1 ноември 1396 – 30 септември 1399
Крунисување8 јануари 1397
СопружникРичард II
1396 - 1399
Шарл Орлеан
1406 - 1409
ДецаЖана валоа
ДинастијаДинастија Валоа
ТаткоШарл VI Лудиот
МајкаИзабела Баварска

Изабела Валоа била француска принцеза и кралица на Англија во периодот од 1396 до 1400 година, како сопруга на Ричард II[1].

Таа е родена во Париз на 9 ноември 1389 година, како ќерка на францускиот крал Шарл VI и принцезата Изабела Баварска. На својата шестгодишна возраст, таа била омажена за англискиот крал Ричард II, како знак за потпишување на мировен договор помеѓу Англија и Франција. По смртта на Ричард II во 1400 година, новиот крал Хенри IV ја принудил Изабела да го напушти Виндзор.

По смртта на Ричард, Хенри IV предложил таа да се омажи со идниот крал, а свој син, Хенри VI. Но Изабела ја одбила таа понуда, по кое била затворена во манастир, а по извесно време се вратила во Франција.

Во 1406 година таа се омажила за Шарл Орлеан. Починала на 19 години за време на раѓањето на својата единствена ќерка, Жана.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A Historical Dictionary of British Women, (Routledge, 2003), 240.