Ивица Антески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден Ивица Антески
13 септември 1976
Тетово, Македонија Македонија
Занимање Поет, новинар и танго инструктор

Ивица Антески (Тетово, 13 септември 1976) е македонски поет, литературен критичар и новинар.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Ивица Антески е роден е на 13 септември 1976 година во Тетово. Пораснал во Гостивар каде што завршил основно и средно Електротехничко училиште. Во 1996 година се запишал на Филолошкиот факултет во Скопје и живеел на релацијата Гостивар - Скопје. Антески почнал да работи како новинар, рецензент, уредник и преведувач за дневните весници „Дневник“, „Македонија денес“ и „Нова Македонија“, студентските весници „Студентски збор“ и „Лоза“, за „Млад борец“, во дневниот весник “Време”. Работел како новинар, но и како одговорен уредник на дневниот весник „Шпиц“. Во раната 2009та година, Антески ја наоѓа својата нова пасија и полека навлегува во светот на тангото. Моментално е инструктор по танго како и реномиран танго диџеј.

Творештво[уреди | уреди извор]

Ивица Антески пишува поезија, куси раскази, како и книжевни рецензии. Досега објавил четири книги:

  • "Физиката на грозјето" (1998, поезија, награда за најдобра дебитантска збирка во Македонија за таа година),
  • "Растителни квадратни корени" (1999, поезија),
  • "Облаци или пена за бричење" (2001, поезија), и
  • "Линеарни безредија" (2003, поезија.)[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ивица Антески
  2. Книжевност (2007) (на македонски) (1-2 издание).