Прејди на содржината

Ибрик

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ибрик[1][2] ― сад од Блискиот Исток со излив што е користен за складирање и истурање на течна содржина. Иако турскиот збор „ибрик“, изведен од персискиот преку арапскиот, означува само стомна или бокал.

Отоманска Македонија

[уреди | уреди извор]

Ибрикот служел за чување и за потурање вода. Стои на ѕвончеста стојка, со зајакнат раб, по стеснувањето навнатре продолжува нагоре во мешест дел, од каде што повторно благо се собира до вратот кој преку два релјефни круга со мало проширување продолжува нагоре во грло. На најширокиот мешест дел од двете спротивни страни се поставени емзик и рачка. Емзикот, со иста висина со капакот, на горниот дел е свиткан нанапред и косо засечен. Рачката од бакар на две места е прицврстена со чивии, а нагоре продолжува слободно извиена во благ агол и на горниот дел под самото грло на две места е прицврстена со чивии. Капакот е кубелија со мал чембер подаден нанадвор и поширок долен дел во кој влегува устинката, а на врвот има мала топчеста пупка. Целиот бил декориран. Ибрик со леѓен како комплет често се користеле од старите градски муслимански фамилии.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. „ибрик“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „ибрик“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 91, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.