Ѓезве

Ѓезве е лонче предвидено за варење на турско кафе. Има подолга рачка која овозможува заштита на рацете од огнот, додека работ е свиен за потурање на кафето при служење.
Ѓезвето може да биде направено од: бакар, железо (емајлирано), челик или од огноотпорно стакло.
Рачката може да биде од ист материјал како и садот, но може да биде и од дрво, бакелит или огноотпорна пластика.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Зборот „ѓезве“ е од турско потекло (тур. cezve), изведен од арапскиот збор за „жар“ (جَذْوَة, џезват), бидејќи лончето се ставало на него.[1][2]
Отоманска Македонија
[уреди | уреди извор]Ѓезвето било еден од најчестите предмети застапени во кујните низ Македонија. Било изработувано од метал, од различни видови на метал, но најчесто се пронаоѓало бакарното ѓезве. Формите и декорациите варирале во зависност од казанџијата. Тоа има тркалезно рамно дно, формата на телото му е ѕвончеста, во долниот дел поизразено, а нагоре продолжува со благо стеснување. На горниот крај доаѓа до проширување на отворот, а на предниот дел од ѓезвето е направен нанапред свиткан „клун“ или устинка од која полесно истекува кафето. Долгата плоскава бакарна рачка, поставена со нагорна косина, е прицврстена со две чивии под грлото, на местото на кое почнува проширувањето на отворот.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Steingass, Francis Joseph (1992). A Comprehensive Persian-English Dictionary: Including the Arabic Words and Phrases to be Met with in Persian Literature, Being, Johnson and Richardson's Persian, Arabic, and English Dictionary, Revised, Enlarged, and Entirely Reconstructed. Asian Educational Services. ISBN 978-81-206-0670-8. page 8.
- ↑ Arabic in Context: Celebrating 400 years of Arabic at Leiden University. BRILL. 6 June 2017. ISBN 9789004343047.
- ↑ „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 98, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.