Зоран Туциќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зоран Туциќ
Роден 30 октомври 1961
Шабац, Србија, СФРЈ
Националност Србин
Занимање автор на стрипови‎, сценарист, ликовен уметник и архитект

Зоран Туциќ (Шабац, 30 октомври 1961) е српски автор на стрипови‎, сценарист, ликовен уметник и архитект.

Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград со проектот „Нов египетски музеј, Гиза, Каиро“. Со Вујадин Радовановиќ, Раде Tовладијац и Саша Живковиќ е основач на уметничката група „Баухаус 7“ во 1981 година во Белград.

Стрипови објавувал во земјите на Југославија, Германија, САД, Холандија, на Кипар, во Италија, Франција[1] итн. Поважни стрипови: „Ворлох“ по сценарио на Љуан Кока, Александар Тимотијевиќ и З. Туциќ, „Ниту сон за моќта“ по сценарио на Љ. Кока; „Третиот аргумент“,[2] по прозата на Милорад Павиќ и сценарио на Зоран Стефановиќ, и „Adam Wild“ од по сценарио на Џанфранко Манфреди.

Еден е од основачите на Здружението на стрип уметници на Србија (Удружење стрипских уметника Србије, УСУС) во 2010 година и прв претседател до 2015 година.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Le Troisième Argument Архивирано на 28 август 2016 г., YIL Édition, France, 2016
  2. „Трећи аргумент Зорана Туцића, Милорада Павића и Зорана Стефановића“ (информација), Библиотека Милорада Павића, Пројекат Растко, 19 август 2016. (српски)

Врски[уреди | уреди извор]