Златко Милошевски
| Златко Милошевски | |
|---|---|
| Роден(а) | 19 јули 1970
Скопје, |
| Потекло | Република Македонија |
| Починал(а) | 27 јануари 2024 (возр. 53) Скопје, |
| Жанрови | Народна музика, Фолк музика |
| Занимања | Пејач |
Златко Милошевски-Злате (р. 19 јули 1970 , Скопје, 27 јануари 2024 , Скопје) — македонски пејач на народна и фолк-музика.
Животопис
[уреди | уреди извор]Злате е познат македонски пејач на народна фолк и новосоздадена музика. Тој својата кариера ја почнува во деведесеттите година во групата "Македонски мелос". Една од неговите најпознати песни е: Мое Маврово, кои се автори на песната Сашо Ливрински и Гоце Џуклески. Зад себе има издадено и неколку албуми со авторки песни. Едни од нефовите авторски песни се: "Еј кафано", "Младата маџирка", "Еднаш свадба е", "Донка убава", "Чија ли си ти", "Ќе ти се вратам". Тој соработувал и имал настапи со: Јасмина Гуњова, Милица Кузмановска и други. Негова последна песна е: Златни години автори на песната се неговите долгогодишни соработници Сашо Ливрински и Гоце Џуклески, и музичарите се Филип и Раде Нуневски.
Златко почина ненадејно на 27 јануари 2024 во Скопје.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Почина македонскиот фолк пејач Златко Милошевски-Злате“. Архивирано од изворникот на 2024-01-27. од Вистина.мк