Јасмина Гуњова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јасмина Гуњова (Штип, 26 септември 1966) — македонски изведувач на изворни и новосоздадени македонски песни.

Животопис[уреди | уреди извор]

Гуњова е родена во Штип на 26 септември 1966 година. Завршила нижо музичко училиште во Штип и дипломирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје во 1990 година. Пет години работела во средното Текстилно училиште во Штип, а од 1994 година живее во Скопје. Настапувала со КУД „Ванчо Прке“ од Штип и со женската пејачка група „Астибијана“. Учествувала на многу музички фестивали во Македонија, Првиот албум го снимила во 1994 година за Музичката и касетна продукција на МРТВ. Мајка е на син и ќерка[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Што прават денеска“. Утрински Весник. Посетено на 2010-05-08.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]