Земјотрес во Крајстчерч 2011
Оштетената катедрала Крајстчерч | |
Епицантар на земјотресот | |
Датум | 22 февруари 2011NZDT | во 12:51 ч.
---|---|
Магнитуда | 6.3 ML[1] |
Длабочина | 5 км |
Епицентар | 43°36′S 172°43′E / 43.60° ЈГШ; 172.71° ИГД Хиткот Вели, близу Литлтон, Кантербери, Нов Зеланд |
Зафатени земји/подрачја | Нов Зеланд |
Макс. јачина | MM VIII[2] |
НПЗ | 1,88 g (град); 2,2 g (епицентар)[3] |
Цунами | 3,5-метарски цунами-бранови во Тасмановото Езеро; откршен дел од Тасмановиот Ледник[4][5] |
Жртви | 166 потврдени загинати[6] над 200 исчезнати[7] 1500–2000 повредени (164 потешко)[8] |
Земјотресот во Крајстчерч во 2011 г. e земјотрес со магнитуда од 6,3[1] што го погодил регионот Кантербери на Јужниот Остров на Нов Зеланд на 22 февруари 2011 во 12:51 ч. по месно време (21 февруари во 23:51 ч. по UTC).[1][9] со епицентар наделеку од населбата Хиткот Вели, 5 км северно од местото Литлтон[10]. Најпогоден бил градот Крајстчерч, каде земјотресот предизвикал големи разорувања на многу места и значаен број на смртни случаи. Според амбасадорот во Канбера, во земјотресот нема загинати Македонци[11].
Ова е најголемиот последователен потрес како последица на земјотресот од 4 септември 2010 г,[12] но извесни аспекти се смета за засебен земјотрес. Аико е помал во магнитуда, овој земјотрес бил многу покатастрофален заради близината на епицентарот до Крајстчерч - епицентарот септемврискиот бил на длабочина од 11 км под површината, но овој бил само на 5 км. Февруарскиот земјотрес се случил вторник околу пладне, додека претходниот урдил во саботното предвечерие. Покрај ова, поради претходниот земјотрес, голем број објекти биле веќе структурно ослабнати.[13][14] Јачината на земјотресот во Крајстчерч изнесувала MM VIII.[2]
На денот на земјотресот премиерот Џон Ки изјавил дека бројот на загинатите изнесува 65, изјавувајќи дека 22 февруари „веројатно ќе биде најмрачниот ден за Нов Зеланд“.[15] Изутрината управникот на цивилната заштита потврдил 38 човечки жртви (што значи дека телата се препознаени и најблиските се известени).[16] Од непотврдени извори, се проценува дека во земјотресот загинале од 200 до 400 лица.[17] Градоначалникот Боб Паркер изјавил дека барем 200 лица се заробени во урнатините и дека исходот ќе биде доста лош.[18] Изутрината на 23 февруари премиерот прогласил сеопшта вонредна состојба.[19]
Се проценува дека штетата ќе ги чини осигурителните заводи 12 милијарди американски долари (16 милијарди новозеландски долари).[20]
Жртви, штета и други последици
[уреди | уреди извор]Потврдени се 75 човечки жрви и се смета дека оваа бројка ќе расте.[21]. Според противпожарната служба, сè уште има многу заглавени лица во рушевините.[22] Во 17:00 по месно време е изјавено дека 80% од градот нема струја. Исто така се оштетени и воводовот и канализацијата, приморувајќи ги луѓето да штедат вода или да собираат дождовница. ВОнредната состојба траела неколку дена, а во зафатите учествувале и медицински лица од војската.
Оштетувањата на патиштата и мостоците ги отежнале потфатите за спасување на населението.[23] Порај ова, земјата претрпела ликвефакција и површински поплави.[24] Ликвефакцијата го надигнала асфалтот по патиштата, а од пукнатините извирала вода и песок.[25] ДОста автомобили се суриле со одрони од карпите и пропаднале во дупки.[26] Во централното подрачје два автобуса биле смачкани од паднатите делови од зградите.[27]
Оштетени објекти
[уреди | уреди извор]Околу Катедралниот плоштад во центарот на Крајстчерч се срушиле разни згради. Катедралата Крајстчерч претрпела значајно оштетување и нејзината шилеста кула сосем се срушила.[28][29] Врвот на катедралата има паѓано и во претходни земјотреси,[30] но овој пат паднал многу поголем дел од земјотресот на 22 февруари.
Болницата во Крајстчерч била делумно евакуирана,[31] но набргу отворена за да може да ги лекува повредените. Во евакуацијата на централното градско подрачје учествувала и војската.[32]
Зградата на Кантербериската телевизија (Canterbury Television, CTV) била сосем разурната и полицијата изјавила дека во неа не може да има преживеани.[33]
Историската зграда на Покраинската комора на Кантербери била силно оштетена.[14][34]
Зградата на претпријатието Pyne Gould се урнала, со многу заробени лица. Катедрала на Светата Причесна исто така претрпела големи оштетувања.[35] Сериозно се оштетени и уште неколку цркви.
Следниот ден е утврдено дека хотелот Grand Chancellor (највисоката зграда во градот) е на работ да се урне.[36]
Литлтон
[уреди | уреди извор]Објектите во Литлтон претрпеле голема штета. Околу 60% од објеките на главната улица биле сериозно погодени.[37] Поголема оштета претрпела и часовната топка во временската станица, која претставува локална туристичка атракција. Меѓутоа во гратчето нема човечки жртви.[38]
Вон областа
[уреди | уреди извор]При потресот се одрониле 30 милиони тони мраз од Тасмановиот Ледник (околу 200 км од епицентарот) и паднале во Тасмановото Езеро, погодувајќи ги туристичките бродови со бранови од 3,5 м во висина.[39]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Извештај за земјотресот во Нов Зеланд - 22 февруари 2011 во 12:51 ч. (NZDT)“. GeoNet. Комисија за земјотреси и GNS Science. 22 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 2011-02-23. Посетено на 22 февруари 2011.
- ↑ 2,0 2,1 „Литлтонски земјотрес, Нов Зеланд, Mw 63“. reactionsnet.com. Архивирано од изворникот на 2011-07-15. Посетено на 22 февруари 2011. Text "Реакции - Глобално осигурување" ignored (help)
- ↑ „22 февруари 2011 - Крајстчерч е од земјотрес со јачина од 6,3 степени“. Geonet. GNS Science. 23 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 2012-08-28. Посетено на 24 февруари 2011. (англиски)
- ↑ http://www.abc.net.au/news/stories/2011/02/22/3146052.htm?section=world
- ↑ http://www.stuff.co.nz/national/christchurch-earthquake/4692057/Earthquake-causes-glacier-to-calve
- ↑ „Земјотрес во Крајстчерч: Бројот на загинатите изнесува 166“. New Zealand Herald. 6 март 2011. Архивирано од изворникот на 2012-07-16. Посетено на 2011-03-06. (англиски)
- ↑ http://www.stuff.co.nz/southland-times/4697308/Christchurch-quake-226-missing-98-dead
- ↑ Земјотрес: Надежта згаснува по потрагата во капелата, Stuff, 24 февруари 2011 (англиски)
- ↑ M6,3 – Јужен Остров на Нов Зеланд, USGS
- ↑ „GDACS - Проценка на последиците: Зелена земјотресна тревога во Нов Зеланд“. GDACS. Глобален систем за тревога и усогласување при катастрофи. 22 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 2011-04-07. Посетено на 23 февруари 2011.
- ↑ Бојаџиевски, Јане (23 февруари 2011). „Стојановски: Нема загинати Македонци во земјотресот во Нов Зеланд“. Глас на Америка. Посетено на 24 февруари 2011. (македонски)
- ↑ Foley, Meraiah (22 февруари 2011). „Scores Killed in New Zealand Earthquake“. The New York Times. Посетено на 22 февруари 2011.
- ↑ „Сртоносниот земјотрес може да е предзнак“. The New Zealand Herald. 22 февруари 2011. Посетено на 22 февруари 2011.
- ↑ 14,0 14,1 „Нов Зеланд е погоден од силен земјотрес со 65 загинати“. CBC. 22 февруари 2011. Посетено на 22 февруари 2011.
- ↑ „проверено на 22 февруари 2011“. Stuff.co.nz. 4 септември 2010. Посетено на 22 февруари 2011.
- ↑ Земјотрес во Крајстчерч: Најнови информации, New Zealand Herald, 23 февруари 2011
- ↑ „Земјотрес во Крајстчерч: Бројот на загинатите може да надмине 200“. 3 News. Посетено на 22 февруари 2011.
- ↑ „Земјотрес во Нов Зеланд: 65 мртви во Крајстчерч“. БиБиСи Вести. 22 февруари 2011. Посетено на 22 февруари 2011.
- ↑ „75 загинати лица. Објавена сеопшта вонредна состојба“. Television New Zealand. Посетено на 23 февруари 2011. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Ноа Бухајар, Џејкоб Гребер и Никола Саминатер (23 февруари 2011). „Земјотресот во Нов Зеланд може да биде најскапата катастрофа за осигурувањето од 2008 наваму“. Бломберг. Посетено на 24 февруари 2011.
- ↑ „Човечки жртви и раздор во земјотресот во Крајстчерч - stuff.co.nz“. 22 Feb 2011. Архивирано од изворникот на 2011-02-23. Посетено на 22 Feb 2011.
- ↑ „Центарот на Крајстчерч е погоден од огромен земјотрес“. Radio New Zealand News. 22 февруари 2011.
- ↑ Поднова од 16:54 на 22 февруари 2011. „Radio New Zealand : News : Земјотрес во Кантербери : Пожарникарите се борат да ги постигнат спасувачките задачи“. Radionz.co.nz. Посетено на 22 февруари 2011.
- ↑ Подновено на 16:41 на 22 февруари 2011. „Radio New Zealand : News : Земјотрес во Кантербери: Отворени главните патишта до Крајстчерч“. Radionz.co.nz. Посетено на 22 февруари 2011.
- ↑ 22 февруари 2011. „Земјотрес во Красјтчерч: Распослани мртви тела“. Star Canterbury. Архивирано од изворникот на 2011-07-24. Посетено на 22 февруари 2011.
- ↑ „Земјотресот во Нов Зеланд заврши со 65 мртви и 100 исчезнати“. News.smh.com.au. Посетено на 22 февруари 2011.
- ↑ Џонатан Амос. „БиБиСи Вести - Земјотрес во Нов Зеланд: 65 загинати лица во Крајстчерч“. Bbc.co.uk. Посетено на 22 февруари 2011.
- ↑ „Голем замјотрес во Красјтчерч“. Dominion Post. 2011. Архивирано од изворникот на 2012-10-23. Посетено на 22 февруари 2011.
- ↑ „Земјотрес во Крајстчерч: Веројатно има заробени лица во катедралата“. Nzherald.co.nz. Посетено на 22 февруари 2011.
- ↑ Eileen McSaveney. Оштетена шилестата кула на катедралата во Крајстчерч, „Те Ара - Енциклопедија на Нов Зеланд“ - Министерство за култура и наследство. подновено на 3 декември 2010
- ↑ Radio New Zealand - 16:55 EST
- ↑ „Новости во живо: 6,3 степени го растресоа Крајстчерч, Нов Зеланд“. News Limited. Архивирано од изворникот на 2011-02-23. Посетено на 22 февруари 2011.
- ↑ http://www.stuff.co.nz/national/christchurch-earthquake/4692170/Christchurch-quake-toll-75-hundreds-missing Accessed 23 февруари 2011 4:44 PM NZT
- ↑ „Дузини загинати во „најмрачниот ден" во Нов Зеланд - ABC News“. abc.net.au. Посетено на 22 февруари 2011.
- ↑ „NZ Christchurch earthquake timeline from NZCity“. home.nzcity.co.nz. Посетено на 22 февруари 2011.
- ↑ [1]
- ↑ „Голем број на загинати во земјотресот во Крајстчерч“. Radio New Zealand. 22 февруари 2011. Посетено на 22 февруари 2011.
- ↑ Николас Џонс и Амелија Вејд. Земјотрес во Крајстчерч: Пристанишното гратче имаше среќа, New Zealand Herald, 23 февруари 2011.
- ↑ „Земјотресот истресе 30 милиони тони мраз од ледник“. New Zealand Herald. 22 февруари 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Викивестите имаат новост на оваа тематика: Magnitude 6.3 earthquake hits New Zealand's South Island; death toll reaches 65 |
„Земјотрес во Крајстчерч 2011“ на Ризницата ? |
- Снимки од земјотресот Архивирано на 25 февруари 2011 г. (англиски)
- Геодетски податоци за змејотресот на Јужниот Остов на Нов Зеланд со јачина од 6,3 степени - Геодетска служба на САД Архивирано на 25 февруари 2011 г. (англиски)
- Видеоснимки пред и по змејотресот (англиски)
- Слики од земјотресот Архивирано на 19 октомври 2019 г. (англиски)
|