Зденко Крижан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зденко Крижан.jpg
Роден 13 февруари 1915
Прага, Чехија
Починал 23 јули 2005
Риека, Хрватска
Занимање универзитетски професор, анатом

Зденко Крижан (13 февруари 1915, Прага - 23 јули 2005, Риека) — анатом, професор и основоположник на Институтот и на Катедрата за анатомија во Скопје.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Зденко Крижан бил роден во Прага на 13 февруари 1915 година.[1] Завршил медицински факултет во Загреб во 1940 година, каде по дипломирањето работел како асистент. По ослободувањето на Сараево, Зденко Крижан стапил во ЈНА, каде служел како лекар до декември 1945 година. По војната, работел во Хигиенско-епидемиолошкото одделение на Главната воена болница во Загреб.

При формирањето на Медицинскиот факултет во Скопје, Зденко Крижан бил поканет да го одржи првото предавање, со што се означил почетокот на наставата на МФ. Предавањето се одржало во адаптирана барака на Институтот за хистологија пред голем број студенти и гости. Зденко Крижан бил поставен за доцент по предметот „Анатомија“. Во есента 1948 година, Крижан бил поставен за директор на Институтот, а во летниот семестар 1947-1948 година, држел предавања и по предметот „Пластична анатомија“ во Средното уметничко училиште во Скопје.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Зденко Крижан бил прв директор на Институтот и шеф на Катедрата по анатомија, од 1947 до 1957 година, и бил декан на Медицинскиот факултет во Скопје во периодот од 1953 до 1954. Во 1957 година бил избран за редовен професор по предметот „Анатомија“ и за претседател на Заводот за анатомија при МФ, а подоцна бил и претседател на анатомистите на Југославија.[1] Во 1957 година бил избран за вонреден професор на Медицинскиот факултет во Риека, каде држел настава за студентите по општа медицина, а од 1973 година и за студентите на стоматологија. Во Риека во 1961 година бил избран за шеф на Заводот за анатомија и декан на Медицинскиот факултет во периодот од 1968 до 1973 година.

Зденко Крижан е автор напоголем број научни трудови, меѓу кои и капиталното дело „Компендиј анатомија човека“.[1]

Добил награда за животно дело, кое го доделува Управата на Приморско-горанска жупанија на Хрватска.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. ​27-29