Збунети години
Изглед
„Збунети години“ — роман за деца на македонскиот писател Велко Неделковски, објавен во 1982 година.
Содржина
[уреди | уреди извор]Романот се состои од 37 глави и во него се раскажува за случките на Борче, осмоодделенец кој постојано ги задева девојчињата во училиштето. Негова симпатија е Виолетка, девојче со плетенки, со црвени образи и со симпатична насмевка. Борче ѝ праќа љубовни писма на Виолетка со посредство на Димитар, нејзин соученик и скромен седмоодделенец. И Димитар е вљубен во неа и тој, всушност, ги пишува писмата во името на Борче. Различни според социјалната положба, физичкиот изглед, карактерот и сензибилитетот, овие две момчиња се трудат да ја освојат љубовта на Виолетка.[1]
Изданија
[уреди | уреди извор]- Во 2019 година, романот го објавила Редакцијата Либи при издавачката куќа Арс ламина - публикации, а во рамките на едицијата „Лектири“. Книгата е со димензии од 20 сантиметри има 168 страници, заедно со биографијата на авторот, речникот на помалку познати зборови и активностите за работа на час. Автор на илустрациите во книгата е Здравко Гиров. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски, Скопје и ја носи меѓународната изнака ISBN 978-608-259-184-1. Таа е испечатена во „Бранко Гапо — графичко производство“ во тираж од две илјади примероци.[2]