Арс Ламина - публикации
Вид | Издавачка куќа |
---|---|
Дејност | Издаваштво |
Основано | 2005 |
Седиште | бул. Св. Кирил и Методиј 50, , |
Клучни личности | |
Производи | образовна, стручна и академска литература. |
Мреж. место | http://www.arslamina.com/ |
Арс Ламина - публикации - македонска издавачка куќа, со седиште во Скопје.
Организација и менаџмент
[уреди | уреди извор]Издавачката куќа Арс Ламина - публикации е дел од друштвото со ограничена одговорност Арс Ламина, со седиште во Скопје, на бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 50, VI кат. Во рамките на издавачката куќа работи редакцијата „Либи“.[1]
Компанијата „Арс Ламина“ е основана во 2005 година како репро-студио, а од 2009 година со издавањето на првата книга, приказната ја продолжиле и како издавачка куќа, со мисија да ги подигне стандардите во издаваштвото на повисоко ниво.
Денес, „Арс Ламина“ е најголемиот и најважниот издавач на образовна литература: учебници, збирки и други дидактички и едукативни изданија за основните и средните училишта, како и на стручна и академска литература.
Лидери во објавувањето на современа белетристика, светски и домашни класици од најзначајните писатели и литературата за деца и млади, со најбараните сликовници и книги од најпознатите и најнаградувани светски автори. Бележиме континуиран подем и развој, со објавени повеќе од 200 книги годишно од сите области.
Семејството на „Арс Ламина – публикации“ се состои од неколку импринти (издавачки оддели): „Арс Ламина“ (образовни и стручни изданија), „Арс Либрис“ (белетристика), „Либи“ (детска книжевност), „Попули“ (популарна литература) и „Скрипти“ (дизајнирани нотеси и гифт-програма).[2]
Главни уредници во Арс Ламина биле:
- Бранка Бугариска[3]
Како уредници во Арс ламина - публикации работеле:
Издавачка дејност
[уреди | уреди извор]- Каролина Каприја, Четири пријатели онлајн! (2015)[7]
- А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Кој го грабна кралот на шпоретите? (2015)[1]
- А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Крадец... отмен мачор (2015)
- А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Чудниот случај на исчезнатите колбаси (2015)
- А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Кој го наместо Жан Мусташ? (2015)
- А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Кој го украде златниот мачор? (2015)
- А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Голем напад на париската банка (2015)
- Кочо Рацин, Бели мугри (2018)[8]
- Велко Неделковски, Збунети години (2019)[9]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Официјално мрежно место на Арс Ламина
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Кој го грабна кралот на шпоретите? Скопје: Арс ламина - публикации, 2015.
- ↑ „За нас“. Арс Ламина. Посетено на 2025-06-10.
- ↑ Велко Неделковски, Збунети години, Арс ламина - публикации, Скопје, 2019, стр. 167.
- ↑ Кочо Рацин, Бели мугри. Арс ламина публикации, Либи, Скопје, 2018, стр. 63.
- ↑ А. Гати - Д. Моросиното, Кој го украде златниот мачор?. Скопје: Арс ламина - публикации, 2015, стр. 2.
- ↑ Велко Неделковски, Збунети години, Арс ламина - публикации, Скопје, 2019, стр. 167.
- ↑ Каролина Каприја, Четири пријатели онлајн!. Арс ламина публикации, Либи, Скопје, 2015.
- ↑ Кочо Рацин, Бели мугри. Арс ламина публикации, Либи, Скопје, 2018.
- ↑ Велко Неделковски, Збунети години, Арс ламина - публикации, Скопје, 2019.