Западен раскол

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Западна шизма)
Карта на Западна Европа за време на Западниот раскол

Западен раскол или Западна шизма познат и како Папски раскол — раскол во Римокатоличката црква во 1378 година.[1] По смртта на Папа Григориј XI, изборот на нов папа се одвивало во многу напрегнета атмосфера. Многу кардинали, кои биле со потекло од Франција сакале престолнината да ја вратат во Франција, а италијанските кардинали сакале новиот папа да биде италијанец со седиште во Рим. На 8 април 1378 година, една толпа го презела дворецот на зградата каде што се заседавало за изборот на нов папа. На овој начин, бил избран новиот папа Урбан VI. По ова, француските кардинали изборот го објавиле како неважечки и го повикале новиот папа да се откаже од престолот. За папа тие го избрале Климент VII. Од друга страна пак, и папата Урбан VI не го признавал легимитетот на Климент и создал свој сопствен кардиналски совет.

Така бил ставен почетокот на големиот западен раскол која продолжила 40 години. На страната на папа Урбан VI застанале Германија, Италија, Полска и Скандинавија а на страната на папа Климент VII застанале Франција, Шпанија и Португалија. Се смета дека законскиот папа била Урбан, а Климент бил т.н. антипапа. Во одлуката да се врати во Рим, врз папата големо влијание имала и Катерина Сиенска, која проповедала враќање во Рим. Со враќањето во Рим (1378) започнало ново прекинување на папата и во Рим и во Авињон. Тое се нарекува Западен раскол, која завршила дури во 1417 со неколку совети, меѓу кои и оној во Констанца. Резултат на ова било воспоставувањето на црковни совети, кои имаат поголема власт од папата. Сепак тоа не валадеело долго по 1417. За нов папа бил избран Мартин V.

Наводи[уреди | уреди извор]