Жан Мишел Баскија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Оваа статија се однесува на графитскиот уметник Жан Мишел Баскија. За други поврзани значења видете Баскијат (појаснување).



Жан Мишел Баскија (Баскијат) или Jean-Michel Basquiat, роден на 22 декември 1960 во Бруклин, умрен на 12 август 1988 , е дете на Хаиќанецот Жерар Баскија, и на бруклинската Порториканка Матилд. Различен од сите графити артисти, тој изгрева на поп-арт сцената во САД, во славното друштво на Енди Ворхол.

Баскија (или Баскијат), почнува со испишување на кратки пароли и абревиатури со спреј, по Менхетн. Најчесто среќаван потпис му е SAMO (Same Old Shit), кој како контрапункт на американската мечта и идила, станува негов заштитен знак.

Неговите први дела, комбинација од графити и апстрактно сликање, се појавуваат за прв пат во галеријата Lower East Side, тој е забележан од Хенри Гелдцалер (Henry Geldzahler), и брзо прераснува во силен симбол на поп-арт движењето, практикувајки необичен стил проследен со цела редица од херметички симболи, чиј клуч на решавање си бил познат само на авторот.

Работел во подрумско ателје, без прозорци, постојано предозиран со хероин, при што работел без пауза често и по 18 часа. Многу негови познаници, посетители на ателјето и блиски соработници, краделе негови дела од самото ателје, често пати и недовршени. Баскија бил единствениот афроамериканец со кој Енди Ворхол некогаш бил пријател. Кога за прв пат го видел, кажал „Не пуштајте го тоа обоено момче во моето студио“. Но, набрзо се спријателиле и останале блиски до смртта на Ворхол во 1987. Соработувале и меѓусебно си влијаеле како автори.

Баскија умрел од преголема доза на хероин.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]