Жан Жироду

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жан Жироду
Jean Giraudoux 1927.jpg
Роден/а29 октомври 1882
Белак, Франција
Починат/а31 јануари 1944
Париз, Франција
Занимањедраматург, писател
ДржавјанствоФранцузин
Сопруг/аСузан Боланд
ДецаЖан Пјер Жироду

Жан Жироду (француски: Jean Giraudoux, роден на 29 октомври 1882 во Белак - починал на 31 јануари 1944 во Париз) — француски писател, драматург романописец, есеист и дипломат. Тој се смета за еден од најзначајните француски драмски писатели во периодот помеѓу Првата светска војна и Втората светска војна[1]. Неговите дела се познати по своите стилски елеганции и поетска фантазија. Доминантна тема на Жироду во неговите дела е односот меѓу мажот и жената, или во некои случаи, помеѓу човекот и некој недостижен идеал.

Биографија[уреди | уреди извор]

Жан Жироду е роден на 29 октомври 1882 во Белак, Франција, каде неговиот татко работел во Министерството за транспорт. Жироду студирал во градот Со, а по завршувањето на студиите патувал во Европа. По неговото враќање во Франција во 1910 година, тој ја прифатил позицијата на Министер за надворешни работи. По Првата светска војна станал првиот писател што му бил доделен Орден на Легијата на честа[2].

Тој се оженил во 1918 година. Првиот книжевен успех го постигнал преку неговите романи, особено „Siegfried et le Limousin“ (1922) и „Eglantine“ (1927). Во овој период се запознал и започнал соработка со актерот и режисер Луј Жуве.[3]. Тој станал добро познат во англиското говорно подрачје во голема мера поради адаптациите на „La guerre de Troie n'aura pas lieu, “La Folle de Chaillot“, „Ondine“, „The Enchanted“ и.т.н.

Починал на 31 јануари 1944 во Париз[4].

Дела[уреди | уреди извор]

Театар[уреди | уреди извор]

Филм[уреди | уреди извор]

Публикации[уреди | уреди извор]

  • Provinciales (1909)
  • L'École des indifférents (1911)
  • Lectures pour une ombre (1917)
  • Simon le Pathétique (1918)
  • L'Adieu à la guerre (1919) Grasset[7]
  • Elpénor (1919)
  • Amica America (1919)
  • Adorable Clio (1920)
  • Suzanne et le Pacifique (1921)
  • Siegfried et le Limousin (1922)
  • Juliette au pays des hommes (1924)
  • Bella (1926)
  • Églantine (1927)
  • Aventures de Jérôme Bardini (1930)
  • La France sentimentale (1932)
  • Combat avec l'ange (1934)
  • Choix des élues (1939)
  • Pleins pouvoirs (1939)
  • Armistice à Bordeaux (1945)
  • Sans pouvoirs (1946)
  • La Menteuse (1958)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Brockett, Oscar. History of the Theatre Boston: Allyn and Bacon. 1968. p. 621.
  2. Fowlie, Wallace. Jean Giraudoux in Gassner, John and Edward Quinn ed. The Reader's Encyclopedia of World Drama. New York, Thomas Crowell. 1969. p. 359.
  3. „Encyclopædia Britannica Online: "Jean Giraudoux". Britannica.com. 2013-11-06. конс. 2014-06-03. 
  4. New York Times; February 1, 1944 Jean Giraudoux obituary.
  5. The Duchess of Langeais at the Internet Movie Database
  6. Les anges du péché at the Internet Movie Database
  7. GIRAUDOUX Jean & . (Author) (1919-01-01). „GIRAUDOUX Jean & – Adieu à la guerre.: GIRAUDOUX Jean &“. Amazon.com. конс. 2014-06-03. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: