Жан Гаспар Дебиро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Огист Буке: Портрет на Жан Гаспар Дебиро во 1830 г.

Жан Гаспар Дебиро (француски: Jean-Gaspard Deburau; роден како Јан Кашпар Дворжак;[1] 31 јули 179617 јуни 1846) — познат бохемиско-француски пантомимичар. Настапувал од околу 1819 година до неговата смрт во „Театар де Финанбил“, која била претставена во поетско-реалистичниот филм „Децата на рајот“ на Марсел Карне (1945); Дебиро се појавува во филмот (под неговата име на сцената, „Баптист“) како главен лик. Неговиот најпознат пантомимичарски лик бил Пјеро, лик кој служел како кум на сите Пјероа во романтичниот, декадентниот, симболистичкиот и раниот модернистчки театар и уметност.

Живот и дело[уреди | уреди извор]

Роден во Колин, Бохемија (денес Чешка), Дебиро бил син на чешки слуга, Катержина Кралова (или Катрин Граф) и поранешниот француски војник, Филип Жермен Дебиро од Амјен. Некое време пред 1814 година, кога се појавил во Париз, Филип станал шоумен и започнал да настапува во номадски групи. Во 1816 година, младиот Дебиро бил вклучен во настапите.

Веројатно го започнал професионалниот живот како помошник на сцена. Историчарите на пантомимата и на Финанбил се согласуваат дека неговиот прв настап не бил пред 1819 година, или дури до 1825 година. Неговото „откривање“ од театарската публика не се случила до 1828 година, кога влијателниот писател Шарл Нодје напишал панегирик за неговата уметност за „Ла Пандор“.[2] Нодје ги убедил неговите пријатели да го посетата театарот; новинарот Жил Жанен објавил книга со отворено воодушевување во 1832 година; и до средината на 1830-тите години Дебиро бил познат како „ту Пари“ (tout Paris). Теофил Готје напишал за неговиот талент со ентузијазам („најсовршениот актер кој некогаш живеел“);[3] Теодор де Банвил посветил поеми и скечови за неговиот Пјеро; Шарл Бодлер целе на неговиот стил на глумење како начин на разбирање на „суштината на смеењет“ (1855).

Жан Гаспар Дебиро е погребан на гробиштата Пер Лашез во Париз.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Jean-Gaspard Deburau," Encyclopaedia Britannica Online.
  2. "Deburau", p. 2.
  3. La Presse, January 25, 1847; tr. Storey, Pierrot: a critical history, p. 102.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]