Прејди на содржината

Пјеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пол Легран во ликот на Пјеро (фотографија на Надар; о. 1955)

Пјеро́ (француски: Pierrot, изведен облик на името Пјер, француски: Pierre) — еден од типските ликови во францускиот народен саемски театар.

Историја

[уреди | уреди извор]

Ликот се појавил во средината на 17 век и претставува вешт слуга, кој ги остварува своите цели, прикривајќи се со добродушност. Исполнителот на улогата на Пјеро настапувал без маска, со лице опсипано со мака, и носел широка селска кошула. Негов протоип е Педролино од италијанската Комедија дел арте (комедија со маски), кој е вешт и итар, иако често паѓа во неволја. Подоцна, во ликот на Пјеро започнале да преовладуваат црти на ожалостен љубовник на несреќниот соперник Арлекин. Традиционалниот костум на Пјеро се состои од бела кошула со жабо и големи копчиња, широки бели панталони, а на главата конусна шапка. Со овој опис, ликот на Пјеро е прикажан на сликата „Жил“ од Антоан Вато (изложена во Лувр).

Во 1819 година, на сцената на парискиот театар „Фунамбул“, пантомимичарот Жан-Гаспар Дебиро одново го осмислил ликот на Пхеро, создавајќи слика на отфрлен и несреќен заљубен. Сликата на Дебиро великолепно е претставена во филмот „Децата на рајот“ (1944) на режисерот Марсел Карне.

Пјеро станал еден од најпопуларните ликови на крајот од 19 и почетокот на 20 век. Неговиот лик може да се види на сликата „Пјеро и Арлекин“ (1888) од Пол Сезан, на двојниот автопортрет „Арлекин и Пјеро“ (1914) на живописците Александар Јаковлев и Василиј Шухаев, во изведбата на „Шалот на Коломбина“ и „Маскарада“ во режија на Всеволод Мејерхолд, како и во изведбата на „Покривачот на Пјеро“ и „Кутија со играчки“ во режија на Александар Таиров. Носталгична слика за ликот на Пјеро била создадена во песните на писателот Александар Вертински. Ликот исто така стекнал широка популарност преку поетскиот циклус од 50 песни „Месечниот Пјеро“ (француски: Pierrot lunaire: Rondels bergamasques; 1884), најмногу благодарение на композиторот Арнолд Шенберг, кој во 1912 година компонирал музика за 21 песна од циклусот.[1]

Скулптура на Пјеро, изработена од страна на О. А. Уваров, била поставена во Московскиот парк на уметностите на установлена в Московском парке искусств на Кримскиот кеј.[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. «Pierrot Lunaire» op. 21, 1912.
  2. „Музеон — фотогалерея“. Архивирано од изворникот на 2012-02-16. Посетено на 2009-09-25.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Robert F. Storey: Pierrot. A Critical History of a Mask. Princeton University Press, 2. Auflage 1987, ISBN 0-691-10235-X.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]