Жан-Мишел Генасија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жан-Мишел Генасија
Jean-Michel Guenassia
Роден/а1950 година
Алжир, Алжир
Занимањеписател
Националностфранцуска
Значајни делаКлубот на неповторливите оптимисти

Жан-Мишел Генасија (француски: Jean-Michel Guenassia), (Алжир, 1950) – француски писател[1].

Неговиот роман „Клубот на неповторливите оптимисти“ (Le Club des incorrigibles optimistes)[2] ја добил Гонкуровата награда во ноември 2009 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Жан-Мишел Генасија шест години бил адвокат, а потоа живее од своето перо пишувајќи телевизиски сценарија. Во 1986 година го објавува полицискиот роман „За сто милиони“ (Pour cent millions), потоа пишува неколку театарски пиеси[3], како „Голем, убав, силен, со црни горешти очи...“ (Grand, beau, fort, avec des yeux noirs brûlants...) претставена во 2008 година во Авињон[4].

Сепак, неговиот издавач Албен Мишел како прв негов роман го претставува „Клубот на неповторливите оптимисти“ издаден во 2009 година, како роман на непознат 59-годишник[5].

Во 2012 година објавува уште еден роман, „Сонуваниот живот на Ернесто Г“ (La Vie rêvée d'Ernesto G).

Дела[уреди | уреди извор]

Сценарија[уреди | уреди извор]

  • 1985: „Светлост и сенка“ (Claire obscure) (ТВ)м од Франк Апредери, серија „Последните пет минути“ '('Les Cinq Dernières Minutes), сценарио Жан-Мишел Генасија и Франк Апредери [6]
  • 1990: „За сто милиони“ (Pour cent millions) (ТВ) од Брижит Сорио, серија „Висок притисок“ (Haute Tension), сценарио од Жан-Мишел Генасија, Мишел Бушар[7]
  • 1992: „Рецидив“ (Récidive) (ТВ) од Франк Апредери, сценарио Жај-Мишел Генасија, Бернар-Пјер Донадје и Франк Апредери

Театар[уреди | уреди извор]

  • 1988: „Бунтовник“ (Le Rebelle), режија Жан Ружери

Романи[уреди | уреди извор]

  • 1986: „За сто милиони“ (Pour cent millions), издавач Лијана Леви, награда за детективски роман Мишел Лебрен на градот Ле Ман, повторно издаден под наслов „Последен дар“ (Dernière donne) во Џепна книга во 2014 година
  • 2009: „Клубот на неповторливите оптимисти“ (Le Club des incorrigibles optimistes, издавач Албен Мишел, (награда Гонкур)
  • 2012: „Сонуваниот живот на Ернесто Г“ (La Vie rêvée d'Ernesto G), издавач Албен Мишел
  • 2015: „Излажи ја смртта“ (Trompe-la-mort), издавач Албен Мишел
  • 2016: „Танцот на дрвјата и небото“ (La Valse des arbres et du ciel), издавач Албен Мишел

Наводи и белешки[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]