Ејсид-рок

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ејсид-рок (англиски: acid rock) — облик на психоделичен рок. Се одликува со долги инструментални сола, незначителна големина на текстот и импровизации. Том Волф, во неговата книга, ги опишал музичките групи како што се: The Jimi Hendrix Experience, Pink Floyd, The Doors, Iron Butterfly, Big Brother & The Holding Company, Cream, Jefferson Airplane, Ultimate Spinach, New Riders of the Purple Sage, Blue Cheer, Quicksilver Messenger Service, The Great Society, Stone Garden и Grateful Dead како автори на музика која е создадена под влијание на ЛСД - и припадници на поджанрови како што е „ејсид-рок“.

„Ејсид-рок“ се однесува и на подгрупа психоделични рок-состави кои биле дел или барем под влијание на таканаречениот Сан Франциско Саунд - гласна и „хеви“ музика придружена со долги импровизирани соло изведби. Тој е дел од прогресивниот рок од седумдесеттите и најблизок сродник со сите негови изведеници.[1]

Историја и употреба на поимот[уреди | уреди извор]

Ејсид-рокот го добил името затоа што служел како музика во позадина за моменти под влијание на ЛСД на „андерграунд“ забави во 60-тите години на минатиот век. „Ејсид“ во основа е англиски сленг за халуциногената дрога ЛСД. Во интервју за познатото списание Ролинг Стоун, Џери Гарсија ги цитирал зборовите на басистот на Grateful Dead, Фил Леш: „Ејсид-рокот е она што го слушаш кога си надрогсан со ејсид (ЛСД). Гарсија подоцна изјавил дека не постои вистински психоделичен рок и дека всушност индиската класична музика и дел од тибетската музика се примери на музика што е „осмислена да ја продлабочи состојбата на свеста“. Поимот „ејсид-рок“ најчесто е еквивалентен на психоделичен рок. Ролинг Стоун ги ставил раните творби на Пинк Флојд како „ејсид-рок“. Во јуни 1967 година, списанието „Тајм“ напишало: „Од џубокс и транзистори до национални импулси и засилениот звук на ејсид-рок составите: Џеферсон Ерплејн, Дорс и Моби Грејп“. Во 1968 година, списанието Лајф ги опишал „Дорс“ како „Кралевите на ејсид-рокот“.

Поимот често се користел во најславните денови на доцните 1960-ти и раните 1970-ти, но подоцна паднал во заборав; сега се користи само во случај на ставање на овој поджанр во историска перспектива. Кога хард-рокот и хеви-металот станале значајни на почетокот и средината на 1970-тите, фразата „ејсид-рок“ понекогаш генерички и погрешно се користела како име за овие жанрови. По некое време, вообичаената употреба на поимот „хеви-метал“ го заменил „ејсид-рок“ за овие стилови на музика. Алис Купер, Ванила Фаџ и Дип Парпл се примери на хард-рок состави кои некогаш најчесто се нарекувале „ејсид-рок“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Zlatko Gall, "Pojmovnik popularne glazbe", Šareni dućan, biblioteka "Mali mrav", Koprivnica, str. 8, siječanj 2001., ISBN 953-6683-09-1