Емруш Сума

Од Википедија — слободната енциклопедија
Емруш Сума
Emrush Suma
ПрекариХоџа
Род ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Емруш Сума (албански: Emrush Suma; Димце, СФРЈ, денес Косово, 27 мај 1974) е поранешен член на ОНА.

Извесно време живел во Франција. Учествувал во студентските нереди во Приштина во 1997 година. Бил член на КЗК, а подоцна бил назначен за раководител на Одделот за борба против организираниот криминал и шверц во 6 заштитна зона. Од таа позиција целосно го организирал шверцот со оружје, дрога, цигари и луѓе на подрачјето на Блаце, Генерал Јанковиќ, Витина и Прешево, со криминална банда од 30 луѓе. Учествувал во изнудување на финансиски средства за ОВПМБ.

Во текот на воениот конфликт во Македонија бил член на генералштабот на ОНА, како и командант на ОНА во Арачиново. Како водач во Арачиново, бил повреден во главата, и се верува дека заради него било ненавременото повлекувањето на ОНА од Арачиново додека не бил однесен со хеликоптер на НАТО во Косово, во болницата во Бон Стил.

На 24 јули 2001 година бил ставен на македонската црна список на граѓани[1], а на 27 јули е ставен ѝ на списокот на американскиот претседател Џорџ Буш[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „македонска црна листа“. Архивирано од изворникот на 2011-08-22. Посетено на 2010-12-25.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-16. Посетено на 2011-02-18.