Емориев кактус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Емориев кактус
Емориев кактус во ботаничката градина „Вила Дурацо-Палавичини, Џенова, Италија
Научна класификација
Царство: растенија
Нерангирано: скриеносеменици
Нерангирано: евдикоти
Нерангирано: јадрени евдикоти
Ред: каранфиловидни
Семејство: кактуси
Потсемејство: кактусовидни
Племе: кактусовидни
Род: ферокактуси
Вид: F. emoryi
Научен назив
Ferocactus emoryi
(Енгелман) Оркут
Синоними
  • Echinocactus emoryi
  • Ferocactus rectispinus
  • Echinocactus covillei (Britton & Rose) A.Berger
  • Ferocactus covillei Britton & Rose

Емориевиот кактус (Ferocactus emoryi) е бурест кактус од видов на ферокактуси.

Опис[уреди | уреди извор]

Емориевиот кактус е сферичен или цилиндричен кактус, налик на буренце. Кактусот е светлозеленкаст и достигнува дијаментар од 60 до 110 см, а висина од 2 до 2,5 метри. Кактусот има од 15 до 30 ребренца со туберкули, особено кај помладите единки. Централната боцка е многу долга, достигнува должина од 4 до 10 см. Околу нема има од седум до дванаесет боцки кои достигнуваат должина и до 5 см. Големите и инкестите цветови се вообичаено црвени или жолти, достигнуваат должина од до 7,5 см и пречник од 5 до 7 см. Плодот е овален и долг 5 см.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Овој вид може да се најде во природата во Мексико и САД, поточно во Аризона.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Емориевиот кактус расте во пустински предели со ниски грмушки, карпески падини и каменести и карпести предели. Кактусот може да расте на надморска висина до 1200 метри.

Подвидови[уреди | уреди извор]

  • Ferocactus emoryi var. emoryi
  • Ferocactus emoryi var. rectispinus (Engelm.) N.P.Taylor

Наводи[уреди | уреди извор]