Емилија Тоциновска
Емилија Тоциновска | ||
Родена | Емилија Божиновска 29 април 1973 Скопје, СФР Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | ликовен уметник |
Емилија Тоциновска (моминско презиме: Божиновска; 29 април 1973 во Скопје) — македонска сликарка.
Животопис
[уреди | уреди извор]Факултетот за ликовни уметности го завршува во своето родно место Скопје во 1999 година, отсек сликарство со подотсек модно создавање во класата на професорот Душан Перчинков. Во 1996 година ја добила втората студентска награда Борко Лазевски. После десетгодишна работа како професор завршува Педагошко-психолошка методска доквалификација на факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Веднаш по завршувањето на студиите се вработила во невладината организација „Италијански совет за солидарност“ како фацилитатор по уметност и работела со ромски деца бегалци и загрозена категорија (1999–2002), а месец дена подоцна како професор по ликовно воспитание во „Американското интернационално училиште во Македонија“ (1999–2001). Истражувајќи ја педагошката работа почнала да волонтира во „Првата детска амбасада – Меѓаши“ како професор по ликовно воспитание каде работела со деца од средната класа, само месец дена во 2000 година.
Започнала да пишува колумни за уметност во женскиот месечен весник „Комплетна“ во 2001 година. Во 2002 година продолжила да работи со ромски деца, сега во Центарот за социјална иницијатива Надеж. Од (2003-2016) работи во Македонскиот каритас како професор по ликовна култура во општина Шуто Оризари. Во периодот 2005-2011 почнува да води приватни часови по цртање и сликање во ликовното студио „Детски свет“, а во меѓувреме соработува со Културно–информативниот центар на Србите во Македонија како ликовен аниматор и едукатор.
Од 2016 година заедно со својот сопруг го отвораат Здружението за афирмација на ликовната уметност „Фантаст“. Таму ги изложуваат своите зеднички уметнички дела и држат поединечни часови за сите возрасти. Своето пишување за уметноста го продолжува преку отворање на блогот Парче уметност - од дневникот на еден уметник.
По завршувањето на факултетот активно се вклучува во учество на групни и самостојни изложби. Првата самостојна изложба ја прави во Отворено графичко студио, Скопје под наслов „Чудна шума“ (2001), а две години подоцна (2003) го прави и вториот дел од „Чудна шума II“ во Културниот центар-Точка во Скопје. Со самото започнување на работа со својот сопруг ја прават изложбата со наслов „Вечерно матине“ во Ликовниот салон на град Велес (2013). Како студиски престој во 2014 година ја прават изложбата во Риека, Хрватска под наслов „Минијатурни пејзажи“, а истата година ја прават и ликовната презентација на „Пејзажи“ на Полската традиционална вечер 2014, преку Македонско-полското културно друштво „Вардар“. Во Културниот дом во Паг (2016) прават самостојна изложба „У центру“, а потоа по некоја традиција секоја година (2017-2018) одат на колонија во Паг и имаат самостојни изложби под наслов „У центру тачка“ и „Откривајучи отоке“. За првпат во 2018 година имаат самостојна изложба во Задар под наслов „У залјеву мора“ во Библиотеката на градот. Учесник е на голем број групни изложби и колонии во Македонија, Босна, Србија, Хрватска и Италија.
Како љубители на книгите заедно со својот сопруг Стојче Тоциновски започнуваат да прават илустрации и корици за книги на многу автори од Македонија, Полска, Германија, Србија, Хрватска и Босна. Нивната бројка досега изнесува 27 книги.[1][2]
Изложби во 2019
[уреди | уреди извор]- Ралоп сејна, Културен Центар Карло Ројц, Пула, Р. Хрватска
- Кас коња, Културен Центар Повљана, остров Пар, Р. Хрватска
- Галоп коња, Научна библиотека, Задар, Р. Хрватска
Награди
[уреди | уреди извор]- 1996
- Студентска сликарска изложба - Борко Лазевски, втора награда
- Факултет за Ликовни Уметности, Скопје
- 2012
- 10-ти Салон на стрип, Награда за дебитантски стрип Марко
- Крале - три наречици, Ликовен слон, Велес, Велес
- 2018
- Анри Динана - признание за волонтерството, Црвен крст на Република Македонија
- 2019
- Un maestro per un anno un libro per sempre, прва награда Gallery Art Casa Mexicana, Бари, Италија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ПАГ: Уметничка колонија во знак на македонските уметници“. Посетено на 20 јуни 2018.
- ↑ „Во Задар ликовна изложба на македонските уметници Емилија и Стојче Тоциновски“. 20 јуни 2018.[мртва врска]