Меѓаши

Од Википедија — слободната енциклопедија
Првата детска амбасада во светот МEЃАШИ
Логото на Меѓаши
ОсновачиДраги Змијанац & Гордана Пирковска-Змијанац
ТипНВО
ОснованаАприл 1992
Седиштесе наоѓа во Аеродром, на улицата Kosta Novakovic 22a (Спроти базенот Бисер)
МисијаСите идеали на светот се побеззначајни од солзите на едно дето
Мреж. местоwww.childrensembassy.org.mk

Првата детска амбасада во светот е основана на 29 април 1992 година во Скопје, како светска асоцијација и прва регистрирана меѓународна, непрофитна, непартиска и невладина организација во Република Македонија за заштита на правата на детето. Амбасадата Меѓаши се залага за почитување на детската личност преку заштита на нивните права, застапување на детските интереси и преку збогатување на животот со содржини кои детството го прават сигурно и творечко. Го зајакнува НВО движењето за правата на детето развивајќи го волонтерскиот пристап во работата и се грижи за спроведување на Конвенцијата за правата на детето. Амбасадата со своите активности придонесе во развивањето и јакнењето на граѓанската свест за детските права. Taa го сруши молкот за детските страдања, особено за физичката, сексуалната и економската злоупотреба на децата, откривајќи во јавноста повеќе случаи на злоупотреби и директно ангажирајќи се за воспоставување поефикасни механизми за заштита на децата. Основачи nа Првата детска амбасада во светот - Меѓаши, Република Македонија се Гордана Пирковска Змијанац и Драги Змијанац

Историја[уреди | уреди извор]

Како реакција на војната која изби во поранешна Југославија во јуни 1991 година регионот околу селото Меѓаши беше прогласен за “Прва детска земја во светот”. Селото се наоѓа на границата меѓу Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска. Со создавањето на Првата детска земја, идеолошкиот татко на земјата, Душко Томиќ, се надеваше дека огништата на националистички и религиозни доктрини ќе се смират. Проектот Меѓаши привлече огромно внимание кон себе од екс-Југословенските и европските медиуми, презентирајќи свет без насилство во кој се почитуваат детските права.

Во април 1992 година драматичен повик беше упатен од Сараево за привремена евакуација на илјадници деца кои имаа потреба да бидат спасени од деструктивните бомбардирања. Во Скопје овој повик беше слушнат и Гордана Пирковска Змијанац и нејзиониот сопруг Драги Змијанац презедоа иницијатива да ја основаат Првата детска амбасада во светот Меѓаши. По ова следуваше формирање воздушен мост од Сараево кон Скопје преку кој околу 6000 мајки и деца најдоа засолниште во Македонија. После првата итна поддршка за децата од војната во поранешна Југославија, Меѓаши се консолидираше. Сепак и во наредните години Меѓаши продолжи да пружа поддршка за децата зафатени од војна или насилство. На почетокот само децата и мајките од поранешна Југославија, подоцна бегалците од Косово и Македонија го најдоа својот пат до Меѓаши. Во текот на своето постоење десетици илјади мајки и деца од сите религии и националности најдоа сигурност преку поддршката од Меѓаши.

Во моментов, Меѓаши е препознаена како водечка НВО за застапување и промовирање на детските права. Го сруши ѕидот на молкот во однос на детските права, посебно поврзани со физичка, сексуална и економска злоупотреба на децата, изложувајќи во јавноста бројни случаи на злоупотреба и директно поддржувајќи го воспоставувањето на поефикасни механизми за заштита на децата. Како потврда за својата работа, Меѓаши доби прва награда за граѓанско општество и демократија во 2001 година. Наградата беше дадена како признание на долготрајниот и одржлив придонес за развивање на свеста за детските права како и поради бројните кампањи и публикации во оваа област.

Мониторинг на Детските права[уреди | уреди извор]

Детската амбасада МЕЃАШИ од самото свое основање до денес го следи остварувањето на детските права, врши мониторинг и реагира во случаи кога правата на децата се повредени, оспорени или загрозени. Во 1992 година кога организацијата беше основана луѓето не знаеа дека децата имаат права. Во тој период за нив тоа беше смешно и неверојатно! Децата беа сметани за сопственост на родителите и старателите, а не битија кои ги уживаат правата како и другите човечки суштества. Поради тоа не беше лесно, во една така традиционална средина каква што е Македонија да се оформи свеста дека децата имаат нивни права и тие мора да се почитуваат. Денес, сите знаат дека децата имаат свои права и дека доколку не ги почитуваат постои законска регулатива според која може да бидат казнети. Секако, ноторно е дека Детската амбасада МЕЃАШИ направи огромен придонес во таа насока. Со цел гласот на граѓанскиот сектор да стане појак, Детската амбасада МЕЃАШИ во 1997 година ја формира Националната коалиција за правата на детето и има потпишано меморандум за соработка со 15 граѓански организации кои во својата дејност ги опфаќаат и детските права. Со овие организации ќе продолжи соработката и во наредниот период. Детската амбасада МЕЃАШИ потпиша договор со UNICEF за проект за градење на капацитетите на граѓанскиот сектор за мониторинг на детските права за периодот 2011-2013 година Застапување и лобирање за промени во законската легислатива со цел унапредување на состојбата на децата во државата и пошироко. Детската амбасада МЕЃАШИ беше прво формирана граѓанска организација за правата на детето во Република Македонија и во тој период законската легислатива не соодветствуваше на потребите на остварувањето на правата на децата. Затоа еден од приоритетите беше да се направи анализа на сите постоечки закони кои ги опфаќаат децата и во таа насока да се лобира за одредени промени. Исто така во тоа време не постоеше институцијата Омбудсман и Детската амбасада МЕЃАШИ бараше да се оформи таа институција, што вроди со плод во 1998 година со формирањето на Народниот правобранител беше основано и посебно одделение за правата на децата. Во следниот период како и во изминативе години ќе бараме формирање на посебна институција Детски правобранител и ќе продолжиме со застапување на правата на децата и лобирање за позитивни законски измени.

Промоција на детските права на национално, регионално и меѓународно ниво. Од самото свое основање до денес Детската амбасада МЕЃАШИ постојано работи на промоција на Детските права на најразлични начини и преку најразлични форми како на пр. Преку печатени материјали, преку своите билтени и мрежно место, фејсбук страна и профил, како и дистрибуција на истите во училиштата Активностите за градење на мирот и ненасилната трансформација на конфликтите се составен дел од работата на Детската амбасада МЕЃАШИ од самото формирање до денес, трансформирајќи се според потребите на регионот (Балканот). Организацијата се оформи како граѓанска иницијатива за поддршка на децата бегалци од Босна и Херцеговина погодени од војната во 1992. Од тогаш до денес активностите за градење на мирот беа организирани во зависност од потребите, како на пр. хуманитарно-рекреативни и образовни активности за децата бегалци од Босна (1992-1999), потоа исти такви активности за децата од Косово (1999/2000) и за децата од Македонија (2001-2006), како и образовни мировни активности за професори и ученици во средни и основни училишта низ Македонија. Во 2010. Детската амбасада МЕЃАШИ започна проект за Мировно образование и потпиша договор за спроведување на истиот со партнерската организација KURVE Wustrow од Германија, со можност за продолжување и за подолг временски период.

Цели[уреди | уреди извор]

Меѓаши постои за почитување на детето преку заштита на детските права, со зајакнување на НВО движењето за правата на децата, зголемување и развој на волонтерската работа и грижа за имплементација на Конвенцијата за Правата на Детето.

Од година во година, бројот на проекти на коишто работи Меѓаши е сè поголем, затоа и со новиот стратешки план овие проекти се развиени во програми. Утврдениот работен план има намера да ја постигне погоре спомнатата цел како и зајакнување на капацитетот на организацијата преку реализирање на активностите. Зголемување на работниот капацитет на вработените во организациите значи поефикасно извршување на програмските активности како и поуспешно собирање на средства. За наредните години, Меѓаши ги формулира следниве цели во својата работа:

Меѓаши е професионална организација која обезбедува директни услуги за децата кои имаат потреба од тоа. Меѓаши е призната како експертска организација во полето на проблемите на децата и почитувана како преговарачки партнер со локални и национални институции и влади

Мисија и визија[уреди | уреди извор]

Првата детска амбасада во светот МEЃАШИ е граѓанска организација која се залага за почитување на детската личност преку заштита на нивните права, застапување на детските интереси и преку збогатување на животот со содржини кои детството го прават сигурно и творечко. Го зајакнува НВО движењето за правата на детето во Република Македонија развивајќи го волонтерскиот пристап во работата и се грижи за спроведување на Конвенцијата за правата на детето.

Клучни вредности и принципи во работењето на Детската амбасада Меѓаши се: Партиципација (учество, вклученост) на децата и возрасните во процесите на одлучување за прашања кои се од нивен интерес; Волонтерски пристап во заштитата на правата на децата; Промовирање и практикување на мир и толеранција преку почитување на ставовите и однесувањата на другите; Еднакви можности за сите во остварувањето и почитувањето на нивните права; Отчетност, одговорност и непартизираност во работењето на организацијата.

Публикации[уреди | уреди извор]

  • Ѓоргиевска, Валентина (2022). Змијанац, Драги (уред.). МОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022 (PDF) (Монографија). Скопје, Македонија: ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ (објав. 29.04.2022). стр. 300. ISBN 978-608-4603-30-6. Проверете ги датумските вредности во: |publication-date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]