Елхово
Изглед
| Елхово Елхово | |
|---|---|
| град | |
Поглед на центарот на градот | |
| Местоположба на Елхово во Бугарија | |
| Координати: 42°10′19″N 26°34′10″E / 42.172019°N 26.569402°E | |
| Земја | Бугарија |
| Област | Јамбол |
| Општина | Елхово |
| Управа | |
| • Градоначалник | Петар Киров (ГЕРБ) |
| Површина | |
| • Вкупна | 49,883 км2 (19,260 ми2) |
| Надм. вис. | 106 м |
| Население (2022) | |
| • Вкупно | 9.506 |
| • Густина | 190/км2 (490/ми2) |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
| поштенски код | 8700 |
| Повик. бр. | +359 0478 |
| Мреж. место | elhovo.bg |
Елхово (бугарски: Елхово) — град во Југоисточна Бугарија, административен центар на општината Елхово во Јамболската Област. Има население од 9.506 жители (2022).[1]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа на левиот брег на реката Тунџа во југоисточниот дел на Тракиската Низина помеѓу планините Странџа и Сакар среде плодно поле. Градот се наоѓа на 28 км од граничниот премин Лесово - Хамзабејли на бугарско-турската граница, 38 км од регионалниот центар Јамбол.
Историја
[уреди | уреди извор]Населбата била позната како Каз’л агач. Во 1925 година населбата добила сегашното си име Елхово и била прогласена за град.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.