Сакар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сакар
Сакар планина
Летно утро во Сакар Планина.
Највисока точка
Надм. вис.856 м
Друго имеСакар планина
Географија
Сакар на карта

Карта

Место Бугарија
Матичен венецСтранџа-Сакарска група
Искачување
Најлесен патЛесно планинарење.

Сакар (бугарски: Сакар) е ниска планина во југоисточна Бугарија сместена меѓу реките Марица, Тунџа, Соколица и Сазлијка. Планината е куполообразна, а највисоката точка и е врв Вишеград (856 м).

Географија[уреди | уреди извор]

Долговатата купола на Сакар се протега од северозапад на југоисток, како должината на планината е околу 40 km, а широчината и е 12–15 km. Планината е со заоблени црти, во северозападниот крај е висока 600-700 м. Билото и е означено од рамни врвови. Највисокиот врв на Сакар е Вишеград (856 м). Во јужна насока планината ја намалува височината и постепено преминува кон долините на реките Марица и Тунџа. Западните и источните падини се релативно големи, спуштаат се постепено кон долинните кои се исечени од густа долинна мрежа, која во поголем дел од годината е сиромашна на вода. Силно развиени се ерозионните процеси, особено во југозападните падини на Сакар.

Во Сакар живеат многу птици грабливки кои се на изумирање. Тоа го прави планината важно место за екологијата и заштитата на бугарската флора и фауна.[1]

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Најголемите културно-историски знаменитости во реонот на Сакар се мегалитните споменици од 2 милениум п.н.е - долмените, Устремскиот манастир „Св. Троица“, познат и со името Хајдушки, бидејќи изградбата му е поврзана со Инџе војвода и Кара Кољу, споменик на културата, тврдината Маточина и билзките до неа две карпести цркви од 10 век, светилиштето тврдина Палеокастро, војнички споменик на убиените во Балканската војна на врв В‘лчата тврдина.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „www.haskovo.com - Сакар Планина“. Архивирано од изворникот на 2011-11-11. Посетено на 2012-05-02.

Поврзано[уреди | уреди извор]