Елизабет Олсен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Елизабет Олсен
Олсен на San Diego Comic-Con International во 2014
Роден(а)Елизабет Чејс Олсен
16 февруари 1989 (1989-02-16) (30 г.)
Лос Анџелес, САД
ЗанимањеГлумица
Активен период1993–сеуште
РодниниМери-Кејт Олсен (сестра)
Ешли Олсен (сестра)

Елизабет Чејс Олсен (родена на 16 февруари 1989 г.)[1] — американска глумица. Таа е позната по улогите во филмовите: Одмазници: Ерата на Ултрон (2015), Годзила (2014), Тивка куќа (2011), Слободни уметности (2012), и Марта Марси Меј Марлин (2011), за кој добила номинации за голем број на награди. Таа е помлада сестра на глумиците и модни дизајнерки Мери-Кејт и Ешли Олсен.

Ран живот и образование[уреди | уреди извор]

Олсен е родена и израсната во Лос Анџелес, Калифорнија, како ќерка на Џарнет, поранешна балерина, и Дејвид Олсен, инвеститор во недвижен имот и хипотекарен банкар.[2] Таа е помлада сестра на близначките Мери Кејт и Ешли Олсен, кои станале познати како телевизиски и филмски ѕвезди во раните години. Таа има постар брат, Трент Олсен, како и помлад полубрат и помлада полусестра. Во 1996 година, родителите на Олсен се развеле.[3] Нејзиниот татко има норвешко потекло, додека пак нејзината мајка има англиско потекло.[4][5]

Во детството, Олсен посетувала часови по балет и пеење.[6] Таа започнала да глуми на многу млада возраст и имала кратки појавувања во филмовите на нејзините сестри. Таа се школувала во училиштето Кемпбел Хол во Северен Холивуд, Калифорнија. По матурирањето, таа се запишала на Факултетот за уметности при Њујоршкиот универзитет. Во 2009 година, Олсен поминала еден семестар студирајќи во Москва, Русија во школата при Московскиот уметнички театар.[7]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Олсен на San Diego Comic-Con International во 2013
Година Наслов Улога Белешки
1994 Двојна невоља Девојчето во колата кратко појавување
2011 Марта Марси Меј Марлин Марта
2011 Тивка куќа Сара
2011 Мир, љубов и недоразбирање Зои
2012 Црвени светла Сели Овен
2012 Слободни уметности Зиби
2013 Убиј ги твоите најдраги Еди Паркер
2013 Многу добри девојки Гери
2013 Старо момче Мари Себастијан
2013 Тајно Тереза Ракин
2014 Капетан Америка: Зимски војник Ванда Максимоф / Скарлетната вештерка кратко појавување[8]
2014 Годзила Ели Броди
2015 Одмазници: Ерата на Ултрон Ванда Максимоф / Скарлетната вештерка
2015 Ја видов светлината Одри Вилијамс
2016 Капетан Америка: Граѓанска војна Ванда Максимоф / Скарлетната вештерка Пост продукција

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Birth of Elizabeth Olsen“. Californiabirthindex.org. n.d. Архивирано од изворникот на October 29, 2013. 
  2. „Mary-Kate Olsen Biography (1986-)“. Filmreference.com. Архивирано од изворникот на October 4, 2013. конс. December 5, 2011. 
  3. Tauber, Michelle (May 3, 2004). „Two Cool“. People. Архивирано од изворникот на October 22, 2013. конс. August 8, 2014. 
  4. „Mary-Kate and Ashley Olsen“. Ethnic Celebs. n.d. Архивирано од изворникот на November 14, 2013. конс. November 16, 2013. 
  5. Briodagh, Kenneth (April 2013). „Mobile Marketing Gets Cool“. Eventmarketer.com. Архивирано од изворникот на April 20, 2013. конс. August 7, 2013. 
  6. Bakker, Tiffany. „Elizabeth Olsen admires her sisters“, „The Daily Telegraph“, 15 јануари 2012.
  7. Connor, Katie L. (November 21, 2011). „Lizzie Olsen: Miss Independent“. Marie Claire. Архивирано од изворникот на June 20, 2013. конс. November 17, 2013. 
  8. Varma, Arjun. „Captain America The Winter Soldier: Leaked Post-Credits Scenes Feature Quicksilver and Scarlet Witch“. International Business Times. IBTimes Co., Ltd. конс. 24 August 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]