Капетан Америка: Зимски војник

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Капетан Америка: Зимски војник“
РежисерБраќата Русо
ПродуцентКевин Фејџ
Главни улогиКрис Еванс
Скарлет Јохансон
Себастијан Стен
Ентони Меки
Коби Шмилдерс
Френк Грило
Емили ВанКамп
Хејли Атвел
Роберт Редфорд
Семјуел Л. Џексон
МузикаХенри Џекмен
КинематографијаТрент Опалох
МонтажаЏефри Форд
Матеј Шмит
СтудиоMarvel Studios
ДистрибутерWalt Disney Studios
Motion Pictures
Премиерамарт 13 2014 (2014-03-13) (Ел Капитан театар)
април 4 2014 (2014-04-04) (САД)
Времетраење136 минути
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$177 милиони
Бруто заработка$714.3 милиони

Капетан Америка: Зимски војник (англиски: Captain America: The Winter Soldier) — американски филм од 2014 година, во режија на Ентони и Џо Русо. Главните улоги ги толкуваат: Крис Еванс, Семјуел Л. Џексон, Скарлет Јохансон, Себастијан Стен, Роберт Редфорд и Ентони Меки. Премиерата на филмот беше прикажана во Лос Анџелес на 13 март 2014 година, а филмот беше објавен во САД на 4 април 2014 година, во 2Д, 3D и IMAX 3D. Филмот стана критичен и комерцијален успех, заработувајќи повеќе од 714 милиони долари ширум светот, и ова го направи да биде седмиот највисоко заробатувачки филм од 2014 година. Исто така, доби номинација за Оскар за најдобри визуелни ефекти. Продолжението на филмот насловено како Капетан Америка: Граѓанска војна, исто така во режија на браќата Русо, беше објавено на 6 мај 2016 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот се одвива две години по Битката кај Њујорк. Стив Раџерс сега работи за директорот на S.H.I.EL.D Ник Фјури и се обидува да се прилагоди на современото општество. Тој е испратен на една мисија заедно со Наташа Романоф, да спаси заложници на еден брод, држени од страна Џорџес Батрок. Предводени од страна на агентот Румлоу, тие успеваат да ги спасаат заложниците, иако Раџерс и Романоф имаат различни цели во оваа мисија. Додека се вози во градот, Фјури е нападнат од еден тим на атентатори предводен од мистериозен атентатор кој се вика Зимскиот Војник. Тој успева да се спаси и тајно влегува во апартманот на Стив. Тој го предупредува Стив за S.H.I.E.L.D и потоа е застрелан од Зимскиот Војник. Фјури е однесен во болница, но таму е прогласен за мртов. Александар Пирс го прашува Стив за Ник Фјури, но Стив оди по предупредувањето на Фјури и не му открива на Пирс ништо за Фјури. Пирс потоа ги испраќа S.H.I.E.L.D и S.T.R.I.K.E да се бораат против Стив. Стив успешно ги избегнува со помош на Романоф, а тие двајцата откриваат еден таен бункер на S.H.I.E.L.D во Њу Џерси. Таму ја откриваат зачуваната свест на Арним Цола во еден суперкомпјутер. Цола им открива дека Хидра тајно оперира во S.H.I.E.L.D и го открива планот на Хидра. Раџерс и Романоф за влакно избегнуваат смрт откако ракета на S.H.I.E.L.D го уништува бункерот, тие тогаш сфаќаат дека Пирс е водач на Хидра во S.H.I.E.LD. Раџерс и Романоф го ангажираат Сем Вилсон, пријател на Раџерс, кој користи посебна униформа за да лета и се нарекува „Сокол". Раџерс, Романоф и Вилсон испрашуваат еден агент на S.H.I.E.L.D кој работи за Хидра, но Зимскиот Војник врши им врши заседа и тие се бораат со него. Раџерс открива дека Зимскиот Војник е всушност неговиот добар пријател Баки Барнс и дека тој не умрел тогаш кога паднал од возот, туку бил експериментиран и претворен во супер војник по Втората светска војна. Марија Хил ги извлекува Стив, Вилсон и Романоф, носејќи ги во едно засолниште. Таму тие дознаваат дека Фјури ја фалсификувал својата смрт и дека е жив. Раџерс, во Трискелион, им кажува на сите агенти на S.H.I.E.L.D за планот на Хидра , додека Фјури и Романоф се соочуваат со Пирс за да го откријаат планот на Хидра на јавноста. Фјури успева да го убие Пирс. Стив и Сем се соочуваат со Зимскиот Војник, но откако Зимскиот Војник ја уништува униформата на Сем, Стив е принуден сам да се бори против него. Ама Раџерс потоа одлучува да не се бори со Зимскиот Војник со цел да му го смени размислувањето, но Раџерс е потоа фрлен во реката Потомак по судирот на бродот со Трискелион. Зимскиот Војник сепак одлучува да го спаси Раџерс и потоа исчезнува. На крајот од филмот, Романоф се појавува пред Сенатот; Фјури заминува за Источна Европа за ги открие останатите ќелии на Хидра; Раџерс и Вилсон одлучуваат да одаат во потрага по Зимскиот Војник, а агентот Рамлоу кој работел за Хидра е хоспитализиран по уништувањето на Трискелион.[1][2]

Улоги[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 861, 26.12.2014, стр. 19.
  2. Антена, број 865, 23.1.2015, стр. 26.