Елизабета Баковска

Елизабета Баковска (1969, Битола) — македонска писателка, книжевна теоретичарка и преведувачка.
Биографија
[уреди | уреди извор]Баковска е родена во 1969 година во Битола. Во 1992 година, таа дипломирала на групата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а во 2000 година магистрирала на истиот факултет. Во 2013 година, таа докторирала на родовите студии на Институтот Евро-Балкан во Скопје. Од 1998 година, таа работи во Холандската амбасада во Скопје.
Творештво
[уреди | уреди извор]Баковска пишува книжевни и критички текстови најчесто за македонското женско писмо. Таа ги објавила следниве книги:
- Житие на нашата љубов (поезија, 2003)
- Четири годишни времиња (раскази, 2004)
- Состојби на духот и телото по триесеттата (поезија, 2005)
- На пат кон Дамаск (роман, 2006)
- Последните голтки (раскази, 2018)
- Во главата пишувам песни (раскази, 2020)
- Во главата пишувам расказ (раскази, 2022)
Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[1]
Баковска се занимава и со книжевен превод од англиски на македонски јазик и обратно, а освен тоа, таа е уредничка на Блесок Поезија во електронското списание „Блесок“.[2]
Значење и влијание
[уреди | уреди извор]- „Ви сакам“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 187-190
- ↑ „Блесок (пристапено на 23.3.2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-03-23. Посетено на 2014-03-08.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 406-407.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- www.mirage.com.mk Архивирано на 5 март 2016 г.
|