Драматички мост
| Драматички мост Γεφύρι Αγγίστας | |
|---|---|
Поглед на мостот и реката Драматица | |
| Координати | 41°0′45″N 23°56′27″E / 41.01250°N 23.94083°E |
| Преминува | Драматица |
| Место | меѓу Станиџа Анџиша и Станица Драчево, Зихненско, Егејска Македонија |
| Особености | |
| Вид | лачен |
| Материјал | камен |
| Висина | 5,9 м |
| Распони | 5 |
| Местоположба | |
![]() | |
Драматички мост (грчки: Γεφύρι Αγγίστας) — стар османлиски камен мост во областа Зихненско, Егејска Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Мостот ја преминува реката Драматица (Ангитис), лева притока на Струма, и се наоѓа непосредно до селото Станица Анџишта (на јужниот лев брег) и селото Станица Драчево (на северниот десен).
Историја
[уреди | уреди извор]Се смета дека мостот потекнува од антиката. Последната фаза е од раноосманлиско време. Неговата непрекината употреба толку долго време укажува на значајноста на патот кој ја поврзува рамнината со северното и западното подножје на планината Кушница.[1]
Опис
[уреди | уреди извор]Мостот има пет заострени лакови, од кои денес се гледаат само четири. Претставува единствениот преостанат своден мост во источна Егејска Македонија. Висок е 5,9 м и има насоченост север-југ. Изграден е од делкан варовнички туф и силен малтер.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Γεφύρι Αγγίστας“. Πέτρινα Γεφύρια. Посетено на 10 февруари 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Драматички мост на Ризницата ?
