Доне Пановски
Доне Пановски бил македонски критичар, есеист, книжевен историчар.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Пановские е роден на 5 номеври 1935 година во с. Буф, Леринско, Егејска Македонија. Починал на 7 јануари 1997 година во Битола. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Тој е еден од покренувачите на списанието „Развиток“ и издавачката дејност во Битола. Работел како новинар во весникот „Битолски весник“ од неговото основање. Член на ДПМ од 1975 година. Автор е на книгите: Вреднувања (критики, 1967), Импресии (критики, 1970), Литературни портрети (огледи, 1975), Литературни записи (критики, 1981), Писателите на Илинден (книжевни огледи, 1983), Рајко Жинзифов (огледи, 1983), Допири и доближувања (критики, 1990), Одгласи (студии, 1992), Учебникари и просветители (книжевни огледи, 1992), Литературни студии (1996), Буф и буфчани (монографија, 1998), Прозното творештво на Борис Вишински (студија, 1999). Автор е на поетските панорамски избори со опширни предговори: Илинденски одгласи (1983) и Октомвриски одгласи (1989).
Награди
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 194 - 195.
- ↑ Андоновска, Ленче; Ѓоргиевски, Науме, Николов, Благој, Огненовски, Трајко, Пешевска, Гордана, Стефановска, Анета, Талеска, Светлана (2007). Значајни личности за Битола. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 166–167. ISBN 978-9989-2783-0-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |