Прејди на содржината

Долгоопашест синец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Долгоопашест синец
Горен дел
Долен дел
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Lycaenidae
Род: Lampides
Вид: L. boeticus
Научен назив
Lampides boeticus
(Linnaeus, 1767)
Синоними[1]

Долгоопашестиот синец (Lampides boeticus) е пеперуга од семејството на синци, од видот синци.[2]

Распространетост

[уреди | уреди извор]

Оваа пеперуга може да се најде во голем дел на Европа, Африка, Јужна Азија,[3] Југоисточна Азија и Австралија.[4]

Живеалиште

[уреди | уреди извор]

Овој вид живее покрај шуми, планински ливади до надморска висина до 2700 метри.[5][6][7]

Распонот на крилјата на пеперугата е од 24 до 32 мм кај мажјаците и од 24 до 34 кај женките.[6] Мажјаците имаат синкасто-виолетова боја на горната страна со кафени краеви, додека пак женките имаат обратен редослед. Овој вид има полов диморфизам.[8][9] Двата пола имаат тенка и долга опашка и две темни дамки во задниот дел. Долната страна на крилјата се во бледокафена боја со бели дамики.[7] Покрај тоа има и дамка налик на око во близина на опашката.[8]

Екологија

[уреди | уреди извор]

Овој вид може да има и до три генерации годишно. Возрасните единки летаат од февруару до ноември и тие се мигранти.[6][7] Јајцата се бели со зеленкаста нијанса и имаат форма на диск. Може да бидат и до 0,5 мм во пречник. Тие се полагаат единечно.[8]

Возрасните гасеници се зелени или црвенкасто-кафени. Може да достигнат должина и до 15 мм. Куклите може да достигнат големина и до 10мм. Ларвите се хранат со цветови и листови од растенијата Medicago, Crotalaria, Polygala, Sutherlandia, Dolichos, Cytisus, Spartium и Lathyrus.[4][10] = | jfm = }}</ref>

Галерија

[уреди | уреди извор]
Животен циклус
Парење
Јајце
Гасеница
Кукла
Возрасна единка

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Yutaka Inayoshi Butterflies in Indo-China
  2. Public Domain Оваа статија вклучува текст од овој извор, кој е во јавна сопственост: Swinhoe, Charles (1910–1911). Lepidoptera Indica. Vol. VIII. London: Lovell Reeve and Co. стр. 45–46.CS1-одржување: датумски формат (link)
  3. R.K., Varshney; Smetacek, Peter (2015). A Synoptic Catalogue of the Butterflies of India. New Delhi: Butterfly Research Centre, Bhimtal & Indinov Publishing, New Delhi. стр. 133–134. doi:10.13140/RG.2.1.3966.2164. ISBN 978-81-929826-4-9.
  4. 4,0 4,1 Funet
  5. Lepidoptera Caucasi
  6. 6,0 6,1 6,2 Simon Coombes Captain's European Butterfly Guide Архивирано на 16 март 2017 г.
  7. 7,0 7,1 7,2 Euro Butterflies by Matt Rowlings
  8. 8,0 8,1 8,2 „Lepidoptera Butterfly House“. Архивирано од изворникот на 2017-02-19. Посетено на 2020-03-10.
  9. New Zealand Butterflies
  10. Woodhall, Steve (2005). Field Guide to Butterflies of South Africa. Cape Town, South Africa: Struik. ISBN 978-1-86872-724-7.

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]