Прејди на содржината

Систем на природата

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од 12th edition of Systema Naturae)
Насловна страница на X издание на „Систем на природата“ (1758)

„Систем на природата“ (латински: Systema Naturæ) — најважното дело на шведскиот ботаничар, зоолог и лекар Карл Линеј, кое ја изложува влијателната „линеевска таксономија“. Иако системот на биномна номенклатура е делумно осмислен пред два века од браќата Гаспар и Јохан Баухин.[1] Значајно е тоа што Линеј бил првиот што доследно го применувал во целиот труд. Првото издание излегло во 1735 г. За најважно се смета десеттото издание, чиј полн наслов гласи Systema naturæ per regna tria naturæ, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis („Систем на природата со трите природни царства, според класи, редови и родови, со особености, разлики, синоними, места“).

Десеттото издание на книгата има особено особено значење како зачеток на зоолошката номенклатура.[2] Во 1766–1768 г. Линеј го објавил доста преработеното и дополнето XII издание, кое е последното чијшто автор е самиот тој. Помеѓу 1788 и 1793 г. излегло уште едно, повторно преработено дело со истиот наслов, овој пат во уредништво на германскиот природонаучник Јохан Фридрих Гмелин. Оваа преработка на Гмелин се смета за составен дел од серијата на истото дело.[3]

Линеј го објавил првото издание на делото во 1735 г. за време на неговиот престој во Холандија. Напишано е на латински јазик, што било вообичаено за научната литература во тоа време. Во него, Линеј ги изложува своите поимувања за научната класификација на природата, поделувајќи ја на животинско царство (Regnum animale), растително царство (Regnum vegetabile) и минерално царство (Regnum lapideum).

Во времето на Лине, науката признавала само околу 10.000 видови на организми: 6.000 растенија и 4.236 животни. Дури и во 1753 г, Линеј сметал дека целата природа не може да има ни 10.000 видови; во текот на неговиот работен живот, Линеј утврдил вкупно 7.700 видови на цветни растенија.[4]

Линеј не претполагал дека неговата класификација е природна, бидејќи сметал дека Господ ги создава нештата неочекувано.[5] Растенијата ги ставал во групи зависно од бројот на прашници, но сметал дека овој приод е вештачки и служи само како згоден начин на подредување.[5] Како верник, Линеј сметал дека вистинската позадина на односите помеѓу нештата во природата е Божја работа и дека самиот тој не може да изрази некаква подлабока суштина со ваквото подредување. Животните ги класификувал на поприроден начин: на пример, човекот со другите примати, во групата „човеколики“ (Anthropomorpha).

Поттикнат од популарноста на делото, Линеј продолжил да објавува нови проширени и преработени изданија. За споредба, првото издание од (1735) имало дузина (макар многу големи) страници, а дванаесеттото (1766–1768) пораснало во обем на вкупно 2.400 страници.[6] Во новите изданија се објавувале и важните промени во научните поимувања: во првото издание, китовите се водат како риби (согласно неговиот пријател Петер Артеди, наречен „татко на ихтиолохијата“); во десеттото издание (1758) китовите биле преместени во класата на цицачи. Во истото издание, Линеј ги воведува дводелните називи за животните (биноми), по урнек на истиот начин на именување на растенијата што претходно го вовел со делото „Видови растенија“ (Species Plantarum, 1753). Овој систем на дводелни називи се користи до денес.

Таксономија

[уреди | уреди извор]

Во делото, Линеј хиерархиски ја дели природата на пет степени: царство, класа, ред, род и вид. Видот и родот ги сметал за дадени од Бога (природни), а сите повисоки степени сметал дека се сосем вештачки осмислени. Овој систем важи и денес, и е од големо значење поради олеснувањето на систематиката.

Делото извршило огромно влијание на науката како суштинско за биолошката номенклатура, која денес се води според номенклатурни правилници. Две негови дела, „Видови растенија“ (Species Plantarum, 1753) за растенијата и X издание на „Систем на природата“ (1758) се сметаат за почеток на номенклатурата: највеќето негови називи на таксоните важат до денес бидејќи имаат предност над поновите како постари. Во зоологијата, исклучок е делото „Шведски пајаци“ (Svenska Spindlar)[7] на Карл Александар Клерк, кое е објавено во 1757 г. и затоа има предност над Линеевите имиња.[8] Меѓутоа, најголемата вжансот на Линеј не се состои во неговата таксономија, туку во дарбата да привлече надежни млади студенти, што потоа ги испраќал во странство да собираат примероци од организми. Во ова, Линеј ги надминувал сите негови современици.[9] Кон крајот на XVIIИ век, Линеевиот систем насекаде станал стандарден начин на биолошка класификација.

Животинско царство

[уреди | уреди извор]
Класифијација на животните во првото издание на делото

Линеевиот начин на поделба е препознатлив денес само кај животните, но дури и тука има значајни измени. Во X издание (1758), Линеј го дели животинското царство на шест класи:

  1. Mammaliaцицачи. Во првото издание, китовите и карипската морска крава се водат под „риби“.
  2. Avesптици. Линеј бил првиот што ги отстранил лилјаците од птици и ги префрлил во цицачи.
  3. Amphibiaводоземци, влекачи разни риби што не влегуваат во коскени риби.
  4. Piscesкоскени риби. Тука се сметени и боцкоперните риби (кострешовидни) како посебен ред.
  5. Insecta — сите членконоги. Раковите, пајаковидните и многуногите се воделе како ред „Aptera“.
  6. Vermes — останатите безрбетници, грубо поделени на „црви“, мекотели и организми цо тврда лушпа како иглокожите.

Растително царство

[уреди | уреди извор]

Редовите и класите на растенија, согласно делот „Полов систем“ (Systema Sexuale) не се осмислени со намера да го покажат нивото природно групирање, туку само како начин на нивно распознавање. Класификацијата се користела вака сè до средината на XIX век. Растителното цартство е поделено на два дела : бессемени и семени растенија . Бессемени растенија се наречени поради тоашто не се размножуваат со семка , туку се размножуваат со спори . Мовот го има на влажни места , на планиски предели и го има на каменливи почви . Мовот се размножува со спори коишто ги има во торбичката на листот . Папратот го има на влажни и планиски места , но не е застапен на каменливи почви . Папратот се размножува со спори коишто ги има на опачината на листот . Семените растенија се поделени на голосемени и скриеносемени .Голосемени растенија се наречени поради тоашто нивните листови се во вид на игличка за да можат да се заштитат од преголемото оддавање на водената пареа , а тоа е транспирација (латински : transpiriro - испуштам , издишувам ). Исто така , голосемените растенија потекнуваат од листовите зоќто .

Претставници на царството на голосемени растенија се : бор ( латински : pinus ), а познати врсти на борови се : pinus coulteri _ култеров бор којшто го има во областите на Северна Калифорнија и просечно расте од 20 до 30 метри , pinus halepensis _ алепски бор којшто го има во областите на медитеранот , во Барселона и деловите на Блискиот Исток , pinus mugo _ планински бор , pinus nigra _ црн бор , pinus sylvestris _ бел бор , а исто така постојат околу 115 вида на борови : _ juniperus _ смрека , larix _ ариш , cupressus _ чемпрес , cupressus arizonica _ Аризонски чемпрес , cedrus _ ќедар којшто расте од 20 до 30 метри , а некои вртсти на ќедар растат и до 60 метри , ќедарот како иглолисно растение бавно расте и со помош на ќедарот е била направена арката на Дедо Ное и познати врсти на ќедар се : cedrus deodara _ Сибирски ќедар,cedrus atlantica _ Атлантски ќедар и слично .

Голосемените растенија се размножуваат со машка и женска шишарка и семка каде што семката се наоѓа во внатрешните делови кај женската шишарка којaшто е заштитена со нежно , тенко , привидно крилце за да може да се заштити при процесот на расејување. .:Расејувањето кај голосемените растенија се врши со помош на ветрот , а опрашувањето кај голосемените растенија се врши кога машката полова клетка ( полен ) ќе стигне до женската шишарка .

Џиновска секвоја или Црвено дрво е највисокиот жив организам на планетата којашто живее околу 4900 години , расте просечно 120 метри и е широка 11 метри . Овој вид на голосемено растение се наоѓа во областите на Северна Калифорнија . Секвојата припаѓа во групата на четиринари , во семејството на чемпреси . Во времето на периодот Јура кога живееле и диносаурите бил и формиран Континентот Пангеја , но и во тој период имало разни врсти на Џиновска Секвоја . Со тек на времето следела голема катаклизма каде што изумреле диносаурусите . По смртта на диносаурусите пред 65 милиони години успеале да се спасат и да опстанат да живеат вечно и долго да живеат само две врсти на Џиновска Секвоја коишто денеска ги има областите на Калифорнија и Кина .

Во Република Македонија редоквик е Панчиќевата Оморика или Молика којашто ја има во деловите на Пелистер и е строго заштитена со закон. Скриеносемени растенија се наречени поради тоашто семката е скриена во плодот . Скриеносемените растенија се поделени на : монокотиледони и дикотиледони . Монокотиледоните растенија се наречени поради тоашто имаат еден котиледон или едно семено ливче . Одлики на монокотиледоните се : жилест корен , еден котиледон ( едно семено ливче ) , расфрлани спроводни снопчиња , трочлен цвет и мрежести жили на лист . .Житните растенија , кокоот , урмата , бананата и слично припаѓаат во групата на монокотиледони растенија . Дикотиледоните растенија се наречени поради тоашто имаат два котиледона или две семени ливчиња . Одлики на дикотиледоните растенија се : два котиледона ( две семени ливчиња ) , осков корен , мрежести жили на лист , спроводни снопчиња во вид на прстен и петточлен цвет . Претставници на дикотиледони растенија се : гравот , леќата , доматот , краставицата , грашокот и слично . Тие се

Легенда за половиот систем во X издание (1758) на „Систем на природата“
  • Класа 1. Monandria
  • Класа 2. Diandria
  • Класа 3. Triandria
  • Класа 4. Tetrandria
  • Класа 5. Pentandria
  • Класа 6. Hexandria
  • Класа 7. Heptandria
  • Класа 8. Octandria
  • Класа 9. Enneandria
  • Класа 10. Decandria
  • Класа 11. Dodecandria
  • Класа 12. Icosandria
  • Класа 13. Polyandra
  • Класа 14. Didynamia
  • Класа 15. Tetradynamia
  • Класа 16. Monadelphia
  • Класа 17. Diadelphia
  • Класа 18. Polyadelphia
  • Класа 19. Syngenesia
  • Класа 20. Gynandria
  • Класа 21. Monoecia
  • Класа 22. Dioecia
  • Класа 23. Polygamia
  • Класа 24. Cryptogamia

Минерално царство

[уреди | уреди извор]

Линеевата таксономија на минералте е само од историско значење и е одамна заменета со поисправни класификации. Во X издание на „Систем на природата“, наведени се следниве минерални класи:

Изданија

[уреди | уреди извор]
Издание, томови/делови Место Година Библиографски навод Електр. верзии
1 Лајден 1735 Linnæus, C. 1735. Systema naturæ, sive regna tria naturæ systematice proposita per classes, ordines, genera, & species. – стр. [1–12]. Lugduni Batavorum. (Haak) Ботаничка градина на Мисури
2 Стокхолм 1740 Linnæus, C. 1740. Systema naturæ in quo naturæ regna tria, secundum classes, ordines, genera, species, systematice proponuntur. Editio secunda, auctior. – стр. [1–2], 1–80. Stockholmiæ. (Kiesewetter) Google Книги
3 Хале 1740 Lange, J. J. 1740. Caroli Linnaei systema natvrae, sive Regna tria natvrae systematice proposita per classes, ordines, genera et species. Caroli Linnaei Natur-Systema, oder die in ordentlichem Zusammenhange vorgetragene drey Reiche der Natur nach ihren Classen, Ordnungen, Geschlechtern und Arten, in die deutsche Sprache übersetzet und mit einer Vorrede herausgegeben von Johann Joachim Langen. – стр. [1–8], 1–70, [1]. Halle. (Gebauer) Државна библиотека на Баварија - Минхен
4 Париз 1744 Linnæus, C. 1744. Systema naturæ in quo proponuntur naturæ regna tria secundum classes, ordines, genera & species. Editio quarta ab auctore emendata & aucta. Accesserunt nomina Gallica. – стр. i–xxvi, [1], 1–108. Parisiis. (David.) Google КнигиCSIC Мадрид
5 Хале 1747 Agnethler, M. G. 1747. Caroli Linnæi systema natvræ in qvo natvræ regna tria, secvndvm classes, ordines, genera, species, systematice proponvntvr. Recvsvm et societatis, qvæ impensas contvlit, vsvi accomodatvm. Editio altera avctior et emendatior. – стр. 1–88. Halæ Magdebvrgicæ. Државна библиотека на Баварија - Минхен
6 Стокхолм 1748 Linnæus, C. 1748. Systema naturæ sistens regna tria naturæ, in classes et ordines, genera et species redacta tabulisque æneis illustrata. Editio sexta, emendata et aucta. – стр. [1–3], 1–224, [1–18], Tab. I–VIII. Stockholmiæ. (Kiesewetter) ЦУБ Гетинген
7 Лајпциг 1748 Linnæus, C. 1748. Systema naturæ sistens regna tria naturæ, in classes et ordines, genera et species redacta tabulisque æneis illustrata. Secundum sextam Stockholmiensem emendatam & auctam editionem. – стр. [A], [1–5], 1–224, [1–22], Tab. I–VIII. Lipsiae. (Kiesewetter) Државна библиотека на Баварија - Минхен
8 Стокхолм 1753 Haartman, J. J. 1753. Caroli Linnæi Indelning i Ö̈rt-Riket, efter Systema Naturae, på Swenska öfwersatt af Johan J. Haartman. – стр. [1–12], 1–136, [1–8]. Stockholm. (Salvius) УБ Умео Архивирано на 26 април 2017 г.
9 Лајден 1756 Linnæus, C. 1756. Systema naturæ sistens regna tria naturæ in classes et ordines, genera et species redacta, tabulisque æneis illustrata. Accedunt vocabula gallica. Editio multo auctior & emendatior. – стр. [1–7], 1–227, [1–19], Tab. I–VIII. Lugduni Batavorum. (Haak) Њујоршка ботаничка градина, Државна библиотека на Баварија - Минхен
10, Том 1 Стокхолм 1758 Linnæus, C. 1758. Systema naturæ per regna tria naturæ, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata. – стр. [1–4], 1–824. Holmiæ. (Salvius) Државна библиотека на Баварија - Минхен, ЦУБ Гетинген, Ботаничка градина на Мисури
10, Том 2 Стокхолм 1759 Linnæus, C. 1759. Systema naturæ per regna tria naturæ, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus II. Editio decima, reformata. – стр. [1–4], 825–1384. Holmiæ. (Salvius) Ботаничка градина на Мисури
11, Том 1 Хале 1760 Linnaeus, C. 1760. Systema natvrae per regna tria natvrae, secvndvm classes, ordines, genera, species, cvm characteribvs, differentiis, synonymis, locis. Tomvs I. Praefactvs est Ioannes Ioachimvs Langivs. Ad editionem decimam reformatam Holmiensem. – стр. [1–8], 1–824. Halae Magdebvrgicae. (Curt). (Linnæus 1758: p. 5 recorded probably this edition as from Leipzig 1762, "nil additum" = nothing added) Њујоршка ботаничка градина (стр. [1–8], 1–338), Њујоршка ботаничка градина (стр. 339–824)
12, Том 1, дел 1 Стокхолм 1766 Linné, C. a 1766. Systema naturæ per regna tria naturæ, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio duodecima, reformata. – стр. 1–532. Holmiæ. (Salvius) ЦУБ Гетинген, Државна библиотека на Баварија - Минхен
12, Том 1, дел 2 Стокхолм 1767 Linné, C. a 1767. Systema naturæ, Tom. I. Pars II. Editio duodecima reformata. – стр. 533–1327, [1–37]. Holmiæ. (Salvius) ЦУБ Гетинген, Државна библиотека на Баварија - Минхен
12, Том 2 Стокхолм 1767 Linné, C. a 1767. Systema naturæ per regna tria naturæ, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus & differentiis. Tomus II. – стр. 1–735, [1–16], 1–142, [1–2]. Holmiæ. (Salvius)
12, Том 3 Стокхолм 1768 Linné, C. a 1768. Systema naturæ per regna tria naturæ, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus & differentiis. Tomus III. – стр. 1–236, [1–20], Tab. I–III. Holmiæ. (Salvius) ЦУБ Гетинген
12a ("13"), Том 1, дел 1 Виена 1767 Linné, C. a 1767. Systema naturæ per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima tertia, ad editionem duodecimam reformatam Holmiensem. – стр. 1–532. Vindobonae. (Trattnern) Библиотеки на NCSUБотаничка градина на Мисури, Google Книги
12a ("13"), Том 1, дел 2 Виена 1767 Linné, C. a [1767]. Systema naturæ. Tom. I. Pars II. – стр. [1–2], 1–1327, [1–37]. Vindobonae. (Trattnern) Библиотеки на NCSU, Ботаничка градина на Мисури, Google Книги
12a ("13"), Том 2 Виена 1770 Linné, C. a 1770. Systema natvrae per regna tria natvrae, secvndvm classes, ordines, genera, species cvm characteribvs, et differentiis. Tomvs II. Editio decima tertia, ad editionem duodecimam reformatam Holmiensem. – 1–736, [1–6]. Vindobonae. (Trattnern) Библиотеки на NCSU, Ботаничка градина на Мисури, Њујоршка ботаничка градина, Google Книги
12a ("13"), Том 3 Виена 1770 Linnaeus, C. 1770. Systema natvrae per regna tria natvrae, secvndvm classes, ordines, genera, species cvm characteribvs, et differentiis. Tomvs III. – 1–236, [1–19]. Vindobonae. (Trattnern) Библиотеки на NCSU, Ботаничка градина на Мисури, Google Книги
12b, Том 1 Гетинген 1772 Beckmann, J. 1772. Caroli a Linné systema naturae ex editione duodecima in epitomen redactum et praelectionibus academicis accommodatum a Iohanne Beckmanno. Tomus I. Regnum Animale. – стр. [1–5], 1–240, [1–10]. Gottingae. (Vandenhoeck) Библиотеки на NCSU
12b, Том 2 Гетинген 1772 Beckmann, J. 1772. Caroli a Linné systema naturae ex editione duodecima in epitomen redactum et praelectionibus academicis accommodatum a Iohanne Beckmanno. Tomus II. Regnum Vegetabile. – стр. 1–356, [1–32]. Gottingae. (Vandenhoeck) Библиотеки на NCSU
13, Том 1, дел 1 Лајпциг 1788 Gmelin, J. F. 1788. Caroli a Linné systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima tertia, aucta, reformata. – стр. [1–12], 1–500. Lipsiae. (Beer) Ботаничка градина на Мисури, Библиотеки на NCSU
13, Том 1, дел 2 Лајпциг [1789] Gmelin, J. F. [1789]. Caroli a Linné, systema naturae. Tom. I. Pars II. – стр. 501–1032. Lipsiae. (Beer) Ботаничка градина на Мисури, Библиотеки на NCSU
13, Том 1, дел 3 Лајпциг [1789] Gmelin, J. F. [1789]. Caroli a Linné, systema naturae. Tom. I. Pars III. – стр. 1033–1516. Lipsiae. (Beer) Ботаничка градина на Мисури, Библиотеки на NCSU
13, Том 1, дел 4 Лајпциг [1790] Gmelin, J. F. [1790]. Caroli a Linné, systema naturae. Tom. I. Pars IV. – стр. 1517–2224. Lipsiae. (Beer) Ботаничка градина на Мисури, Библиотеки на NCSU
13, Том 1, дел 5 Лајпциг [1790] Gmelin, J. F. [1790]. Caroli a Linné, systema naturae. Tom. I. Pars V. – стр. 2225–3020. Lipsiae. (Beer) Ботаничка градина на Мисури, Библиотеки на NCSU
13, Том 1, дел 6 Лајпциг [1791] Gmelin, J. F. [1791]. Caroli a Linné, systema naturae. Tom. I. Pars VI. – стр. 3021–3910. Lipsiae. (Beer) Ботаничка градина на Мисури, Библиотеки на NCSU
13, Том 1, дел 7 Лајпциг [1792] Gmelin, J. F. [1792]. Caroli a Linné, systema naturae. Tom. I. Pars VII. – стр. [1], 3911–4120. Lipsiae. (Beer) Ботаничка градина на Мисури
13, Том 2, дел 1 Лајпциг 1791 Gmelin, J. F. 1791. Caroli a Linné systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus et differentiis. Tomus II. Editio decima tertia, aucta, reformata. – стр. [1], I–XL, 1–884. Lipsiae. (Beer) Ботаничка градина на Мисури, Библиотеки на NCSU, Државна библиотека на Баварија - Минхен
13, Том 2, дел 2 Лајпциг [1791]? Caroli a Linné, systema naturae. Tom. II. Pars II. – стр. [1], 885–1661, [1]. Lipsiae. (Beer) Ботаничка градина на Мисури, Државна библиотека на Баварија - Минхен
13, Том 3 Лајпциг 1793 Gmelin, J. F. 1793. Caroli a Linné (...) systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus et differentiis. Tomus III. Editio decima tertia, aucta, reformata. – стр. 1–476. Lipsiae. (Beer) Ботаничка градина на Мисури, Библиотеки на NCSU, Државна библиотека на Баварија - Минхен

Гмелиновото издание е објавено во продолжетоци, на следниве датуми:[11]

  • Дел 1: стр. [1–12], 1–500 (25 јули 1788)
  • Дел 2: стр. 501–1032 (20 април 1789)
  • Дел 3: стр. 1033–1516 (20 ноември 1789)
  • Дел 4: стр. 1517–2224 (21 мај 1790)
  • Дел 5: стр. 2225–3020 (6 декември 1790)
  • Дел 6: стр. 3021–3910 (14 мај 1791)
  • Дел 7: стр. 3911–4120 (2 јули 1792)

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Windelspecht (2002), стр. 28.
  2. Bellows, T. S.; Fisher, T. W. (1999). „Taxonomy and biological control“. Handbook of Biological Control: Principles and Applications of Biological Control. Academic Press. стр. 45–55. ISBN 978-0-12-257305-7. Укажано повеќе од еден |author= и |last1= (help)
  3. Opinions and Declarations rendered by the International Commission on Zoological Nomenclature 8: 167–178, also p. 318 in ICZN 1987. Official lists and indexes of names and works in zoology. – стр. 1–366. London. (The International Commission of Zoological Nomenclature).
  4. Stearn, William T. (1959). „The background of Linnaeus's contributions to the nomenclature and methods of systematic biology“ (PDF). Systematic Zoology. 8 (1): 4–22. doi:10.2307/2411603. JSTOR 2411603. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-10-28. Посетено на 2013-06-08.
  5. 5,0 5,1 Quammen, David (јуни 2007). „A Passion for Order“. National Geographic Magazine. Архивирано од изворникот на 2008-08-27. Посетено на 27 април 2013.
  6. Schiebinger, Londa (1993). „Why mammals are called mammals: gender politics in eighteenth-century natural history“ (PDF). The American Historical Review. 98 (2): 382–411. doi:10.2307/2166840. JSTOR 2166840. PMID 11623150. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-02. Посетено на 2013-06-08.
  7. Clerck, C. (1757). Svenska Spindlar / Aranei Svecici. Stockholm: Laurentius Salvius. стр. [1–8], 1–154, pl. 1–6.
  8. Правилник на ICZN, Член. 3.1 (англиски)
  9. Sörlin, Sverker; Fagerstedt, Otto (2004). Linnaeus and his apostles (шведски). Örebro, Sweden: Natur och Kultur/Fakta. ISBN 978-91-27-35590-3. Занемарен непознатиот параметар |DUPLICATE_title= (help)
  10. „Linnaeus as a mineralogist“. Linné on line. Uppsala University. 2008.
  11. Hopkinson, John (1907). „Dates of Publication of the Separate Parts of Gmelin's Edition (13th) of the 'Systema Naturae' of Linnæus“. Proceedings of the Zoological Society of London. 77 (4): 1035–1037. doi:10.1111/j.1469-7998.1907.tb06965.x.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]