Прејди на содржината

Дитриксдорф

Координати: 51°52′4″N 12°46′56″E / 51.86778° СГШ; 12.78222° ИГД / 51.86778; 12.78222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дитриксдорф
Место во Цана-Елстер
Црквата во Дитриксдорф
Црквата во Дитриксдорф
Црквата во Дитриксдорф
Дитриксдорф во рамките на Германија
Дитриксдорф
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Витенберг
Град Цана-Елстер
Основни податоци
Површина 11 км2
Надм. височина 77 м
Население 209  (31 декември 2009)
 - Густина 19 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WB
Пошт. бр. 06888
Повик. бр. 034922
Координати 51°52′4″N 12°46′56″E / 51.86778° СГШ; 12.78222° ИГД / 51.86778; 12.78222

Дитриксдорф (германски: Dietrichsdorf) — село и поранешна општина во округот Витенберг, во Саксонија-Анхалт, Германија. Од 1 јануари 2011 е дел од градот Цана-Елстер. Од 1 јануари 2005 до јануари 2011, општината припаѓала на заедницата на општини (Verwaltungsgemeinschaft) Елбауе-Флеминг, а пред тоа на заедницата на општини Миленгрунд.

Географија и сообраќај

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа 9 километри источно од Витенберг на северниот брег на Елба. Низ подрачјето на селото поминува сојузниот автопат (Bundesstraße) B 187 и железничката линија помеѓу Витенберг и Котбус.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првичната словенска населба Дитриксдорф првпат е спомената на 14 ноември 1385. Меѓутоа била именувана по водачот на доселениците Дитрих, кој ја предводел групата германски доселеници во текот на источната колонизација; првичното словенско име не се зачувало.

Килзо првпат бил споменат во 1378. Килзо, исто така, е со словенско потекло. Името доаѓа од koko, што значи „кружење“ „круг“ или „округло село“, кое најмногу се донесува на обликот на селото. Од 1942, селото е дел од Дитриксдорф.

Административни единици

[уреди | уреди извор]

Дитрихсдорф ги има следниве единици: Галин и Килзо.

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
  • Црква од тули градена во 1705
  • Воденица во Дитриксдорф

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]