Дисоцијација (психологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дисоцијација (психологија)
Класификација и надворешни извори
СпецијалностПсихијатрија
МКБ-10F44
МКБ-9300.12
Уметничко визуелно претставување на дисоцијација.

Во психологијата, дисоцијација е секое од широкиот спектар на искуства од благо одвојување од непосредната средина до посериозни одвојувања од физичките и емоционалните опкружувања или искуства. Главната карактеристика на сите дисоцијативни феномени е одвојување од реалноста, а не комплетно губење на чувството за реалност како кај психозите.[1][2][3][4]

Дисоцијацијата обично се прикажува на континуум.[5] Во поблаги случаи, дисоцијацијата може да се смета како механизам за справување или одбранбен механизам во настојувањето да се совлада, минимизира или да се толерира стресот – вклучувајќи ги тука и здодевноста или конфликтот.[6][7][8] На непатолошкиот крај на континуумот, дисоцијацијата ги објаснува вообичаените случувања како што е мечтаењето. Понатаму на континуумот се наоѓаат непатолошки изменети состојби на свеста.[5][9][10]

Повеќе патолошки дисоцијации се дисоцијативни пореметувања, вклучувајќи дисоцијативни фуги и деперсонализационо пореметување со или без промена на личниот идентитет или чувство за себе. Во овие промени се вбројуваат: чувство дека личноста или светот се нереални (деперсонализација и дереализација); губење на меморијата (амнезија); заборавање на идентитетот или присвојување на ново 'јас' (фуга); различни текови на свеста, идентитетот и себеси (дисоцијативно пореметување на идентитетот, порано нарекуван пореметување на повеќе личности) и комплексно посттрауматско стресно нарушување.[11][12]

Дисоцијативните пореметување некогаш се предизвикани од траума, но може да им претходи само стрес, психоактивни супстанци или да немаат идентификуван предизвикувач.[13] МКБ-10 го класифицира конверзивното пореметување како дисоцијативно пореметување.[5] Дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални пореметувања ги групира сите дисоцијативни пореметувања во единствена категорија.[14]

Иако некои дисоцијативни нарушувања вклучуваат амнезија, други дисоцијативни појави не ја вклучуваат истата.[15] Дисоцијативните пореметувања обично се доживуваат изненадни, автономни упади во нормалниот и вообичаен начин на функционирање на личноста. Поради нивната неочекувана и во голема мера необјаснива природа, имаат тенденција да бидат доста вознемирувачки.

Историја[уреди | уреди извор]

Францускиот филозоф и психолог Пјер Жене (1859–1947) се смета за автор на концептот на дисоцијација.[16] Спротивно од некои концепти на дисоцијација, Жене не верува дека дисоцијацијата е психолошка одбрана.[17][18]

Психолошките одбранбени механизми ѝ припраѓаат на Фројдовата теорија за психоанализа, а не на Женеовата психологија. Жене тврди дека дисоцијацијата се јавува само кај луѓе кои имаат установена слабост на менталното функционирање што води до хистерија кога тие се под стрес. Иако е точно дека многу од Женеовите истории на случаи опишуваат трауматични искуства, тој никогаш не ја смета дисоцијата за одбрана против тие искуства. Токму спротивното: Жене инсистира дека дисоцијацијата е ментален или когнитивен дефицит. Во согласност со тоа, тој ја смета траумата за една од многуте стресови што можат да ја влошат веќе нарушената "ментална ефикасност" на хистеријата, а со тоа да создаде каскада од хистерични (со денешни зборови, "дисоцијативни") симптоми.[16][19][20][21]

Иако постои голем интерес за дисоцијацијата во последните две декади на деветнаесетиот век (особено во Франција и Англија), овој интерес рапидно се намалува со доаѓањето на новиот век.[16] Дури и Жене своето внимание го свртува кон други прашања.

Од друга страна пак, постои остар врв на интересот за дисоцијација во Америка од 1890 до 1910, особено во Бостон, што се докажува со работата на Вилијам Џејмс, Борис Сидис, Мортон Принс и Вилијам Мекдугал. Сепак, дури и во Америка, интересот за дисоцијација брзо подлегнува на сѐ поголемиот академски интерес за психоанализа и однесување.

Во поголемиот дел од дваесетиот век има мал интерес за дисоцијација. И покрај тоа, во 1944, е објавен преглед од 76 претходно објавени случаи (од 1790тите – 1942), што опишува клинички феномени во согласност со Жене и терапевтите денес.[22]. Во 1971 Бауерс и нејзините колеги[23] претставија детална и сѐ уште доста валидна статија за лекување. Авторите на оваа статија вклучуваа водечки мислители од тоа време – Џон Г. Воткинс (кој ја развива Его-државна терапија) и Зигмунт А. Пиотровски (познат по неговата работа на Роршаховиот тест). Интерес за дисоцијацијата повторно се буди кога Ернест Хилгард (1977) ја објавува својата неодисоциајтивна тоерија во 1970тите. За време на 1970тите и 1980тите се забележува зголемување на бројот на клиничари и истражувачи кои пишуваат за дисоцијацијата, поточно за пореметувањето на повеќе личности.[24].

Карл Јунг ги опишува патолошките манифестации на дисоцијација како специјални или екстремни случаи на нормалното дејствување на психата. Оваа структурална дисоцијација, спротиставена напнатост и хиерархија на основните ставови и функции кај нормалната индивидуална свест е основата на Јунговите Психолошки Типови.[25] Тој теоретизира дека дисоцијацијата е природна потреба на свеста да функционира на една способност, без разлика на барањата на нејзината спротиставеност.

Во последните години се свртува вниманието кон дисоцијацијата како клиничка состојба, како што се зголемува знаењето за посттрауматско стресно пореметување, поради интересот за дисоцијативното нарушување на идентитетот, како и истражувањата за невровизуелизација и студиите за популацијата ја покажууваат нејзината важност.[26]

Историски, психопатолошкиот концепт на дисоцијација исто така има различен корен: концептуализацијата на Ојген Блојлер која ја разгледува дисоцијацијата поврзана со шизофренија.[27]

Дијагноза[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дисоцијативни пореметувања.

Дисоцијацијата во примероците на заедницата најчесто се мери со помош на Скалата за дисоцијативни искуства. ДСП-IV симптомите како деперсонализација, дереализација и психогенска амнезија ги смета за основни карактеристики на дисоцијативните пореметувања.[28] Сепак, кај нормалната популација, дисоцијативните искуства што не се клинички значајни се високо распространети со 60% до 65% од испитаниците кои укажуваат на тоа дека имале некои дисоцијативни искуства.[29] СЦИД-Д е структурно интеервју што се користи за проценка и дијагноза на дисоцијацијата.

Поврзаност со траума и злоставување[уреди | уреди извор]

Дисоцијацијата се опишува како една од многуте симптоми доживеани од жртви на повеќе форми на детски трауми, вклучувајќи физичко, психолошко и сексуално злоставување.[30][31] Ова е поддржано од студии кои сугерираат дека дисоцијацијата е поврзана со историја на трауми.[32]

Се чини дека дисоцијацијата има висока специфичност и ниска сензитивност за историјата на самопријавување на трауми, што значи дека дисоцијацијата е многу позастапена помеѓу оние кои се трауматизирани, но истовремено постојат и многу луѓе кои имаат доживеано траума, а не покажуваат симптоми на дисоцијација.[33]

Дисоцијацијата кај возрасни, кога ќе се комбинира со историја на детско злоставување и посттрауматски стресни пореметувања (ПТСП) поврзани со меѓучовечко насилство, се покажува дека истата влијае на нарушувања во родителството, како што е изложеноста на млади деца на насилни медиуми. Таквото однесување пак, придонесува кон циклуси на фамилијарно насилство и траума.[34]

Симптомите на дисоцијација што е резултат на трауми вклучуваат деперсонализација, психолошко одвојување, исклученост или амнезија, во зависност од случувањата при злоставувањето. Се хипотезира дека дисоцијацијата може да обезбеди привремено ефикасен одбранбен механизам во случаи на тешка траума; сепак, долготрајно, дисоцијацијата се поврзува со намалено психолошко функционирање и прилагодливост.[31]

Понекогаш други симптоми кои се сретнуваат заедно со дисоцијацијата кај жртвите на трауматично злоставување (честопати наречени "секвели на злоупотреба") се анксиозност, ПТСП, ниска самодоверба, соматизација, депресија, хронична болка, меѓучовечка дисфункција, злоупотреба на сусптанци, самоповредување и суицидни идеи или акции.[30][31][35] Овие симптоми можат да ја наведат жртвата да ги претстави симптомите како извор на проблемот.[30]

Злоупотребата на деца, особено хроничната злоупотреба што почнува во раните години, е поврзан со високите нивоа на дисоцијативни симптоми кај клинички пример,[36] вклучувајќи амнезија за мемориите поврзани со насилството.[37] Неклинички пример на возрасна жена ги поврзува зголемените нивоа на дисоцијација со сексуално насилство од многу постар човек пред возраст од 15 години.[38] Дисоцијацијата исто така е поврзана со историја на физичко и сексуално злоставување во детството.[39] При истражувањето на сексуалното насилство како извор на дисоцијација утврдено е дека нивоата на дисоцијативните симптоми се зголемуваат заедно со сериозноста на злоставувањето.[40]

Преглед статија од 2012 година ја поддржува хипотезата дека актуелната или неодамнешна траума може да влијае врз проценката на индивидуата за подалечното минато, менувајќи ги минатите искуства и резултирајќи со дисоцијативни состојби.[41]

Психоактивни супстанци[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дисоцијативни дроги.

Психоактивните дроги често можат да индуцираат состојба на привремена дисоцијација. Супстанците со дисоцијативни карактеристики вклучуваат: кетамин, диазотен оксид, алкохол, тилетамин, амфетамин, декстрометорган, дизоцилпин, пеницилидин, метоксетамин, салвиа, мускимол, атропин, ибогаин и миноцилин.[42]

Види исто така[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dell P. F. (март 2006 г). A new model of dissociative identity disorder. „Psychiatric Clinics North America“ том  29 (1): 1–26, vii. doi:10.1016/j.psc.2005.10.013. PMID 16530584. 
  2. Hypnotizability and traumatic experience: a diathesis-stress model of dissociative symptomatology. „American Journal of Psychiatry“ том  153 (7 Suppl): 42–63. јули 1996 г. doi:10.1176/ajp.153.7.42. PMID 8659641. http://ajp.psychiatryonline.org/cgi/pmidlookup?view=long&pmid=8659641. 
  3. Gleaves, DH; May, MC; Cardeña, E (јуни 2001 г). An examination of the diagnostic validity of dissociative identity disorder. „Clinical Psychology Review“ том  21 (4): 577–608. doi:10.1016/S0272-7358(99)00073-2. PMID 11413868. http://linkinghub.elsevier.com/retrieve/pii/S0272-7358(99)00073-2. 
  4. Dell P. F.. The multidimensional inventory of dissociation (MID): A comprehensive measure of pathological dissociation. „Journal of Trauma Dissociation“ том  7 (2): 77–106. doi:10.1300/J229v07n02_06. PMID 16769667. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Dell, P. F., & O'Neil, J. A. (2009). „Preface“. P.F. Dell & J.A. O'Neil. Dissociation and the dissociative disorders: DSM-V and beyond. New York: Routledge. стр. xix–xxi. 
  6. Weiten, W.; Lloyd, M.A. (2008). Psychology Applied to Modern Life (9 издание). Wadsworth Cengage Learning. ISBN 0-495-55339-5. 
  7. Snyder, C.R., уред (1999). Coping: The Psychology of What Works. New York: Oxford University Press. ISBN 0-19-511934-7. 
  8. Handbook of Coping: Theory, Research, Applications. New York: John Wiley & Sons. 1996. ISBN 0-471-59946-8. 
  9. Lynn S & Rhue JW (1994). Dissociation: clinical and theoretical perspectives. Guilford Press. стр. 19. ISBN 978-0-89862-186-0. https://books.google.com/books?id=BWLockQL714C&pg=PA19. 
  10. Van der Kolk, B. A., Van der Hart, O., & Marmar, C. R. (1996). „Dissociation and information processing in posttraumatic stress disorder“. B. A. van der Kolk, A. C. McFarlane, & L. Weisaeth. Traumatic stress: The effects of overwhelming experience on mind, body, and society. New York: Guilford Press. стр. 303–27. 
  11. Coons PM (јуни 1999 г). Psychogenic or dissociative fugue: a clinical investigation of five cases. „Psychological Reports“ том  84 (3 Pt 1): 881–6. doi:10.2466/PR0.84.3.881-886. PMID 10408212. 
  12. Kritchevsky, M; Chang, J; Squire, LR. Functional Amnesia: Clinical Description and Neuropsychological Profile of 10 Cases. „Learning and Memory“ том  11 (2): 213–26. doi:10.1101/lm.71404. PMID 15054137. 
  13. Abugel, J; Simeon, D (2006). Feeling Unreal: Depersonalization Disorder and the Loss of the Self. Oxford: Oxford University Press. стр. 17. ISBN 0195170229. 
  14. American Psychiatric Association (June 2000). Diagnostic and Statistical Manual of Mental Disorders-IV (Text Revision). Arlington, VA, USA: American Psychiatric Publishing, Inc.. стр. 519–34. doi:10.1176/appi.books.9780890423349. ISBN 978-0-89042-024-9. 
  15. Van IJzendoorn, MH; Schuengel, C. The measurement of dissociation in normal and clinical populations: meta-analytic validation of the dissociative experiences scale (DES). „Clinical Psychology Review“ том  16 (5): 365–382. doi:10.1016/0272-7358(96)00006-2. https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/0272735896000062. 
  16. 16,0 16,1 16,2 Ellenberger, H. F. (1970). The Discovery of the Unconscious: The History and Evolution of Dynamic Psychiatry. New York: BasicBooks. ISBN 0-465-01673-1. 
  17. Janet, P (1977) [1893/1901]. The Mental State of Hystericals: A Study of Mental Stigmata and Mental Accidents. Washington, DC: University Publications of America. ISBN 0-89093-166-6. https://books.google.com/?id=6OctAAAAIAAJ. 
  18. Janet, Pierre (1965) [1920/1929]. The major symptoms of hysteria. New York: Hafner Publishing Company. ISBN 1-4325-0431-2. https://books.google.com/?id=yyQ6AAAAMAAJ. 
  19. McDougall, W (1926). Outline of abnormal psychology. New York: Charles Scribner's Sons. https://books.google.com/?id=86pWAAAAMAAJ. 
  20. Mitchell, TW (1921). The Psychology of Medicine. London: Methuen. ISBN 0-8274-4240-8. https://books.google.com/?id=k1cwAAAACAAJ. 
  21. Mitchell, TW (2007) [1923]. Medical Psychology and Psychical Research. New York: E. P. Dutton. ISBN 1-4067-3500-0. https://books.google.com/books?id=pxsZIg6_yhMC. 
  22. Taylor, WS; Martin, Mabel F (1944 г). Multiple Personality. „The Journal of Abnormal and Social Psychology“ том  39(3): 281-300. http://dx.doi.org/10.1037/h0063634. 
  23. Bowers, MK; Brecher-Marer, Sylvia; Newton, Bernauer. W.; Piotrowski, Zygmunt; Spyer, Thea C.; Taylor, William S.; Watkins, John G (1971 г). Therapy of Multiple Personality. „The International Journal of Clinical and Experimental Hypnosis“ том  14(2): 57-65. 
  24. Van der Hart, O & Dorahy, M.J. (2009). History of the concept of Dissociation. In Dell, P.F. & O'Neil J.A. (Eds). Dissociation and the Dissociative Disorders: DSM V and beyond, Routledge, New York
  25. Jung, C.G. (1991). Psychological Types. Routledge London. ISBN 978-0-7100-6299-4. 
  26. Scaer, Robert C. (2001). The Body Bears the Burden: Trauma, Dissociation, and Disease. Binghamton, NY: Haworth Medical Press. стр. 97–126. ISBN 0-7890-1246-4. https://books.google.com/?id=C30EbO7GDMIC&pg=PA97. 
  27. Dissociation. Dissociative phenomena. Questions and answers. „Bridging Eastern & Western Psychiatry“ том  1 (1): 1–134. 
  28. Dissociative Disorders ( Diagnostic and Statistical Manual of Mental Disorders, Fourth Edition )[мртва врска]
  29. Waller, NG; Putnam, FW; Carlson, EB. Types of dissociation and dissociative types: A taxometric analysis of dissociative experiences. „Psychological Methods“ том  1 (3): 300–21. doi:10.1037/1082-989X.1.3.300. http://www.psych.umn.edu/faculty/waller/classes/mult06/taxometrics/wallerputnam.pdf. посет. 31 јануари 2008 г. 
  30. 30,0 30,1 30,2 Salter, Anna C.; Eldridge, Hilary (1995). Transforming Trauma: A Guide to Understanding and Treating Adult Survivors. Sage Publications. стр. 220. ISBN 0-8039-5509-X. 
  31. 31,0 31,1 31,2 Myers, John E.B. (2002). The APSAC Handbook on Child Maltreatment (2nd издание). Sage Publications. стр. 63. ISBN 0-7619-1992-9. 
  32. van der Kolk, BA. Dissociation, somatization, and affect dysregulation: The complexity of adaptation of trauma. „American Journal of Psychiatry“ том  153 (7 Suppl): 83–93. doi:10.1176/ajp.153.7.83. PMID 8659645. http://ajp.psychiatryonline.org/cgi/pmidlookup?view=long&pmid=8659645. посет. 13 мај 2008 г. 
  33. Briere, J. Dissociative symptoms and trauma exposure: Specificity, affect dysregulation, and posttraumatic stress. „Journal of Nervous and Mental Disorders“ том  194 (2): 78–82. doi:10.1097/01.nmd.0000198139.47371.54. PMID 16477184. http://www.johnbriere.com/JNMD%2006%20paper.html. посет. 16 мај 2008 г. 
  34. Schechter, DS; Gross, A; Willheim, E; McCaw, J; Turner, JB; Myers, MM; Zeanah, CH; Gleason, MM. Is maternal PTSD associated with greater exposure of very young children to violent media?. „Journal of Traumatic Stress“ том  22 (6): 658–62. doi:10.1002/jts.20472. PMID 19924819. 
  35. Briere, J. Methodological issues in the study of sexual abuse effects. „Journal of Consulting and Clinical Psychology“ том  60 (2): 196–203. doi:10.1037/0022-006X.60.2.196. PMID 1592948. http://www.johnbriere.com/methodological%20csa%20jccp%201992.pdf. 
  36. Merckelbach, H; Muris, P. The causal link between self-reported trauma and dissociation: A critical review. „Behaviour Research and Therapy“ том  39 (3): 245–54. doi:10.1016/S0005-7967(99)00181-3. PMID 11227807. http://linkinghub.elsevier.com/retrieve/pii/S0005-7967(99)00181-3. посет. 13 мај 2008 г. 
  37. Chu, J; Frey, LM; Ganzel, BL; Matthews, JA (мај 1999 г). Memories of childhood abuse: Dissociation, amnesia, and corroboration. „American Journal of Psychiatry“ том  156 (5): 749–55. doi:10.1176/ajp.156.5.749. PMID 10327909. 
  38. Briere, J; Runtz, M. Symptomatology associated with childhood sexual victimization in a nonclinical adult sample. „Child Abuse and Neglect“ том  12 (1): 51–59. doi:10.1016/0145-2134(88)90007-5. PMID 3365583. http://linkinghub.elsevier.com/retrieve/pii/0145-2134(88)90007-5. 
  39. Briere, J; Runtz, M. Augmenting Hopkins SCL scales to measure dissociative symptoms: Data from two nonclinical samples. „Journal of Personality Assessment“ том  55 (1–2): 376–9. doi:10.1080/00223891.1990.9674075. PMID 2231257. 
  40. Draijer, N; Langeland, W (март 1999 г). Childhood trauma and perceived parental dysfunction in the etiology of dissociative symptoms in psychiatric inpatients. „American Journal of Psychiatry“ том  156 (3): 379–85. doi:10.1016/j.biopsych.2003.08.018. PMID 10080552. 
  41. Stern, DB (јануари 2012 г). Witnessing across time: Accessing the present from the past and the past from the present. „The Psychoanalytic Quarterly“ том  81 (1): 53–81. doi:10.1002/j.2167-4086.2012.tb00485.x. PMID 22423434. 
  42. Giannini, AJ (1997). Drugs of Abuse (2nd издание). Los Angeles: Practice Management Information Corp. ISBN 1-57066-053-0. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]