Кетамин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кетамин
Ketamine2DCSD.svg
Модел на (S)-Кетамин молекула
Систематско (IUPAC)
(RS)-2-(2-Chlorophenyl)-2-(methylamino)cyclohexanone
Хемиски податоци
ФормулаC13H16ClNO
Моларна маса237.725
  (verify)

Кетамин е лек кој се користи за започнување и одржување на анестезија.[1] Тој предизвикува удобна состојба, истовремено овозможува нечвуствителност на болка, седација и губење на меморијата.[2] Другите примени вклучуваат седација во интензивната нега и третман против болка и депресија.[3][4][5][6][7] За време на лекувањето со кетамин, срцевата функција, дишењето и рефлексите на дишните патишта остануваат во функција.[2] Кога се дава преку инјектирање, ефектот обично започнува во рок од пет минути и трае отприлика 25 минути.[1][8]

Чести несакани ефекти се агитација, збунетост или халуцинации кога дејството на лекот е веќе истечено.[1][9][10] Покачен крвен притисок и потрес на мускулите се релативно чести ефекти.[1][10] Ретко можат да се појават и грчеви на гркланот. Кетаминот е антагонист на NMDA-рецепторот, но исто така може да има и други дејствија.[11]

Кетаминот бил откриен во 1962 година и најпрво бил тестиран кај луѓето во 1964 година, а бил дозволен за употреба во 1970 година во Америка.[8][12] Со оглед на неговата безбедност, бил доста користен во Виетнамската војна како хируршка анестезија.[12] Се наоѓа на списокот на есецијални лекови на Светската здравствена организација како најбезбеден и доста ефективен лек во човечкиот систем.[13] Достапен е како генерички лек.[1] Цената во светот за една доза изнесува помеѓу 0.84 и 3.22 долари.[14] Кетаминот исто така се користи и како рекреативен лек поради неговите халуциногени и дисоцијативни ефекти.[15]




Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Ketamine Injection“. Drugs.com. Архивирано од изворникот на 10 December 2014. Посетено на 1 December 2014.
  2. 2,0 2,1 Green, Steven M.; Roback, Mark G.; Kennedy, Robert M.; Krauss, Baruch (May 2011). "Clinical Practice Guideline for Emergency Department Ketamine Dissociative Sedation: 2011 Update". Annals of Emergency Medicine. 57 (5): 449–461.
  3. Zapantis, A; Leung, S (September 2005). „Tolerance and withdrawal issues with sedation“. Critical Care Nursing Clinics of North America. 17 (3): 211–23. doi:10.1016/j.ccell.2005.04.011. PMID 16115529.
  4. Zgaia, AO; Irimie, A; Sandesc, D; Vlad, C; Lisencu, C; Rogobete, A; Achimas-Cadariu, P (2015). „The role of ketamine in the treatment of chronic cancer pain“. Clujul Medical. 88 (4): 457–61. doi:10.15386/cjmed-500. PMC 4689236. PMID 26733743.
  5. Zhang K, Hashimoto K (December 2018). "An update on ketamine and its two enantiomers as rapid-acting antidepressants". Expert Review of Neurotherapeutics. 19 (1): 83–92.
  6. Kraus, Christoph; Rabl, Ulrich; Vanicek, Thomas; Carlberg, Laura; Popovic, Ana; Spies, Marie; Bartova, Lucie; Gryglewski, Gregor; Papageorgiou, Konstantinos; Lanzenberger, Rupert; Willeit, Matthäus; Winkler, Dietmar; Rybakowski, Janusz K.; Kasper, Siegfried (18 January 2017). „Administration of ketamine for unipolar and bipolar depression“. International Journal of Psychiatry in Clinical Practice. 21 (1): 2–12. doi:10.1080/13651501.2016.1254802. PMID 28097909.
  7. Ritter, JM; Flower, RJ; Hendersen, G; Loke, YK; MacEwan, D; Rang, HP (2018). Rang and Dale's Pharmacology (изд. Ninth.). Elsevier. стр. 560. ISBN 9780702074462.
  8. 8,0 8,1 „Ketamine – CESAR“. Center for Substance Abuse Research. University of Maryland. Архивирано од изворникот на 12 November 2013. Посетено на 26 September 2014.
  9. Strayer, RJ; Nelson, LS (2008). „Adverse events associated with ketamine for procedural sedation in adults“. American Journal of Emergency Medicine. 26 (9): 985–1028. doi:10.1016/j.ajem.2007.12.005. PMID 19091264. Архивирано од изворникот на 8 September 2017.
  10. 10,0 10,1 „Ketamine Side Effects“. drugs.com. Архивирано од изворникот на 10 December 2014. Посетено на 1 December 2014.
  11. Tyler, Marshall W.; Yourish, Harmony B.; Ionescu, Dawn F.; Haggarty, Stephen J. (21 April 2017). „Classics in Chemical Neuroscience: Ketamine“. ACS Chemical Neuroscience. 8 (6): 1122–1134. doi:10.1021/acschemneuro.7b00074. PMID 28418641.
  12. 12,0 12,1 Domino, EF (September 2010). „Taming the ketamine tiger“. Anesthesiology. 113 (3): 678–84. doi:10.1097/ALN.0b013e3181ed09a2. PMID 20693870.
  13. World Health Organization (2019). World Health Organization model list of essential medicines: 21st list 2019. Geneva: World Health Organization. hdl:10665/325771. WHO/MVP/EMP/IAU/2019.06. License: CC BY-NC-SA 3.0 IGO.
  14. „Ketamine“. Архивирано од изворникот на 23 August 2017. Посетено на 12 January 2016.
  15. Morgan, CJA; Curran, HV (January 2012). „Ketamine use: a review“. Addiction. 107 (1): 27–38. doi:10.1111/j.1360-0443.2011.03576.x. PMID 21777321.