Хистерија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Хистерија колоквијално значи неподнослив емоционален вишок. Општо земено, современите медицински професионалци се откажале од терминот „хистерија“ за означување на дијагностичка категорија, заменувајќи ја со попрецизно дефинирани категории, како што е наручување на соматизацијата. Во 1980 година, Американското здружение на психијатрија официјално ја смени дијагнозата на „хистерична невроза, тип на конверзија“ на „нарушување на конверзијата“.

Иако зборот хистерија потекнува од грчкиот збор за матка, хистера (ὑστέρα), именувањето на самиот поим хистерија не потекнува од ова античко значење, туку се поврзува со терминот „хистерично задушување“ - што значи чувство на топлина и неможност за дишење. Ова укажува на целосно физички причини за симптомите, но поврзувајќи ги со органот матка, сугерира дека нарушувањето може да се појави само кај жени.[1]

Историски гледано, се мислело дека хистеријата се манифестира кај жени (женска хистерија) со различни симптоми, вклучувајќи: анксиозност, недостаток на здив, онесвестување, несоница, иритабилност, вознемиреност, како и нападно сексуално однесување.[2]

Во современа секојдневна употреба, терминот хистерија означува паника на масата (масовна хистерија).

Терминот хистеричен/на, кога се однесува на поединец, може да значи дека тој или таа е емоционално вознемирен/на; кога се однесува на ситуација тоа не вклучува паника, тогаш значи дека таа ситуацијата ги обзема (хистерично смеење).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gilman, Sander L.; King, Helen; Porter, Roy; Rousseau, G.S.; Showalter, Elaine (1993). Hysteria Beyond Freud. Los Angeles: University of California Press. 
  2. Maines, Rachel (1999). The technology of Orgasm: ‘Hysteria’, the Vibrator, and Women’s Sexual Satisfaction. Baltimore: The Johns Hopkins University Press. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П