Димитар Караташо

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Димитриос Караташо)
Димитар Караташо
Родено имеДимитар Џами Караташо[1]
ПрекариЈеро-Цамис, Јеро-Караташо
Роденок. 1798
Иматија, Егејска Македонија
Починалок. 1861
Белград, Србија
Битки/војниВостание на Караташо Помладиот

Димитар Караташо (1798, ИматијаБелград, 1861), според некој наводи бил роден како Димитар Џами Караташо[2] или Димитар Константинов Караташо.[3] познат исто под псевдонимот Јеро-Цамис или Јеро-Караташомакедонски[4] поглавар кој учествувал во Востание на Караташо Помладиот и неколку други бунтови, барајќи да ја ослободи својата родна Егејска Македонија.

Раниот живот[уреди | уреди извор]

Караташо е роден во селото Дихалеври во регионот Иматија (сега Егејска Македонија) во 1798 година, син на Анастасио Караташо.[5] Се борел за време на Грчката војна за независност. заедно со неговиот татко, прво во областа Науса и, по уништувањето на Науса, во Румели. Во 1828 година, тој беше водечка фигура во последната фаза од војната за ослободување на Румелија од целото турско воено присуство.

Подоцнежниот живот[уреди | уреди извор]

Во периодот 1844–1853 година тој се впуштал во српските и македонските заедници во Трст и во Скопје за да најде поддршка за заедничка кауза. Неговите задачи беа полуофицијални и може да се каже дека тој бил еден вид современ политички агент кој се обидуваше да создаде сојузи во доменот на тајната дипломатија.

Статуата на Караташо во Солун од скулпторот Георгиос Димитријадес.

Учество во востанието на Караташо Помладиот[уреди | уреди извор]

При избувнувањето на Кримската војна, Караташо одлучил дека е дојдено време за востание и на крајот на март 1854 година, на чело на 500 Македонци и 10 бродови, тргнал од Евбеја и на 6 април ја закотвил Касандра во Заливот Каламици. Планот е да се движи на север кон Солун заедно со македонските бунтовници. Најавен како врховен командант на Македонија, Караташо ги ослободи Шиќа, Партиноне, Никит на 10-22 април. Насекаде биле пречекан со голем ентузијазам од населението. По Велигден се упатува кон Румилја.[6]

Тој беше еден од главните поттикнувачи на бунтот, за време на кој стана познат под епитетот Јеро (грчки: „γέρο“ што значи „постар“), како Јеро-Цамис или Јеро-Караташо.[5][7] Меѓутоа, бунтот не успеа во својот дел бидејќи ги влоши македонски-турските односи во наредните години.

После востанието[уреди | уреди извор]

Во 1831 после бунтот се пресели во Албанија и пробаше да почне востание во Берат за ослободувањето на Македонците во Албанија но не беше успешен.[8]

После тоа во 1854 се врати назад во Егејска Македонија и водел второ востание, вој пат сместено во Халкидики каде што пробал да го ослободи регионот, доби мала подршка од грчкиот крал Отон, во време на востанието тој се потпишувал како „Главен шеф на Македонија“ во писмата, но заради силната армија на Османлиската империја беше неуспешно востанието.[9]

Во 1859 година тој ги објави своите тврдења јавно пишувајќи написи во грчки весник за Македонскиот народ посакувајќи да доби поддршка и совет за својата цел. Затоа, во 1861 година патувал во Белград за да ја шири неговите мисли. За време на престојот умрел од неутврдени причини, веројатно од болест, додека планирал уште едно востание.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Risteska-Peševska, Margarita (1993). Politikata na frant͡sija kon Makedonija od Berlinskiot kongres do 1903 godina. NIO "Studentski Zbor". стр. 88. line feed character во |title= во положба 40 (help)
  2. Ристеска-Пешевска, Маргарита (1993). Политиката на Франција кон Македонија од Берлинскиот конгрес до 1903 година. НИО „Студентски збор“. стр. 88.
  3. Osteuropa Neuerwerbungen. (1991). (n.p.). с.61
  4. Istorija, spisanie na Sojuzot na društvata na istoričarite na SR Makedonija. Sojuz na društvata na istoričarite na SR Makedonija. 1978. стр. 237.
  5. 5,0 5,1 Institute for Balkan Studies 1976.
  6. Vakalopoulos, Kostandinos (1988). Modern History of Macedonia (1830-1912). Barbounakis. стр. 30.
  7. Stacy Bergstrom Haldi (2013). Why Wars Widen: A Theory of Predation and Balancing. Routledge. стр. 125. ISBN 9780203011683. Посетено на 2009-04-24.
  8. N. Todorov, Varban (1995). Greek Federalism During the Nineteenth Century Ideas and Projects. East European Quarterly. стр. 64. ISBN 9780880333054.
  9. Македонска Енциклопедија

Користена литература[уреди | уреди извор]