Димитар Хаџикиров
Изглед
| Димитар Хаџикиров | ||
| Роден | 8 август 1912
Врбени, Битолски Вилает, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 13 декември 1993 (возр. 81) Пловдив, Бугарија | |
| Занимање | партизан | |
Димитар Христов Хаџикиров (Врбени, Леринско - Пловдив, Бугарија, 13 декември 1993 ) — партизан од Егејска Македонија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Димитар Христов Хаџикиров е роден на 8 август 1912 во леринското село Врбени, во семејството на мајка Петра и татко Христо Хаџикирови и како брат на Михал Хаџикиров, брат Ташо Киров и сестра Фота Хаџикирова/Фота Трпкова. Бил учесник како партизан во сите партизанства дури и во Граѓанската војна во Грција во 1946-1949 година. Бил иселеник во Ташкент во 1950-1956 каде живеел, работел и се оженил.
Подоцна во 1956 година, тој се преселил во Пловдив, НР Бугарија, каде живел, работел и се пензионирал. Починал по тешко боледување на 13 декември 1993 година, во истиот град.