Димитар Малиданов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Малиданов
Роден(а)6 септември 1948(1948-09-06)(75 г.)
Саракиново, Грција
ЗанимањеСликар

 

Димитар Малиданов (Саракиново, 5 декември 1946) — македонски сликар и графичар.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Малиданов е роден на 5 декември 1946 година во воденското село Саракиново, Грција (Саракини на грчки). За време на Грчката граѓанска војна, избегал од земјата во групата таканаречени деца бегалци. Во 1972 година дипломирал на отсекот сликарство на Академијата за ликовни уметности во Љубљана кај професор Габриел Ступица. По отворањето на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Скопје, Малиданов почнал да предава графика на истиот.[2] Работел на факултетот од 1981 до 2010 година, а од 2006 до 2010 година бил негов декан. Автор е на многу самостојни и учесник на многу групни изложби. За својата уметничка и педагошка дејност добитник е на многу награди, меѓу кои и на наградата „11 Октомври“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Изложба на Димитар Малиданов во Уметничка галерија“. Kumanovo News. 14 март 2014. Посетено на 10 юни 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 905. ISBN 978-608-203-024-1.