Димитар Димитровски
| Димитар Димитровски - Такец | ||
| Роден | 1922
| |
|---|---|---|
| Починал | 1 мај 2015
Битола, | |
| Занимање | новинар, писател, сликар и композитор | |
Димитар Димитровски - Такец ( 1922 - Битола, 1 мај 2015 ) — македонски новинар, писател и публицист, сликар и композитор. Најпознат е како дојаен на битолското и македонското новинарство.
Животопис
[уреди | уреди извор]Такецот е роден во 1922 година. Во својата долгогодишна творечка активност на повеќе полиња дал своевиден прилог во културното, ликовното, поетско и музичко движење во Битола. Студирал право во Софија и Белград. Работел како правен референт, селски учител и новинар, каде најголем дел од кариерата ја минал во Нова Македонија, Битолски весник и Радио Битола. Истражувал материјали за браќата Манаки, за Мустафа Ќемал Ататурк, за Вагнер, за Димитрие Лала и др. Во сликарството остварил 16 самостојни изложби и напишал 20 музички композиции. Бил член на Македонското научно друштво. Починал во Битола на 1 мај 2015 година.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Почина познат македонски новинар“. Архивирано од изворникот на 2015-05-03. Посетено на 2015-05-03.