Диво месо (драма)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Диво месо е драмско дело напишано од македонскиот драматург Горан Стефановски. Тоа е современа семејна драма што се случува во Дебар Маало, Скопје, непосредно пред Втората светска војна. Композицијата на драмата е модерна, авторот не го употребил класичното делење на чинови, туку на сцени. Јазикот е многу специфичен. Секој лик зборува на свој начин со свој јазик. Изразот е многу стегнат и воопшто не постојат непотребни реплики.

Темата е распаѓањето на едно предвоено македонско семејство кое е условено од времето и од различните сфаќања на сите членови од семејството. Идејата е да го сфатиме значењето на семејството, на нашиот корен, на домот, на татковината.