Хај-фај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хај-фај
АвторГоран Стефановски
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрдрама
Издадена
1982
МедиумПечатена
Страници44

Хај-фај е драмско дело напишано 1982 година од македонскиот драматург Горан Стефановски[1].

Ликови и сцени[уреди | уреди извор]

„Хај-фај “ е драмски текст, театарска мутација составен од два делови и 15 сцени

Ликови:

•Борис

•Матеја

•Соња

•Мира

•Американецот

•Русинот

•Арапот


Дејствието се случува... “Хај-Фај е кратенка за Хај Фиделити што означува висока верност…”[2]

Дали еден човек може целосно да биде верен на себе? Да не отстапува од своите принципи без разлика на сè?

Одговорот на овие прашања зависи од личноста за која зборуваме. Но, понекогаш и личноста со најцврст карактер може да попушти под навалите на општеството. Ги гледаме младиот Матеј како претставник на слободоумната младина, стариот Борис и средновечната Соња како претставници на денешното конзеравативно општество заедно со Мира, Американецот, Русинот и Арапот. Сите се вклучени во една борба на стереотипи меѓу различни годишта, општествени средини и држави.

Дали стереотипноста владее со сите нас и дали правилата на општеството секогаш победуваат?!

“Матеј: Јас не сум при себе. Професорот е при себе. Јас сум глуп. Професорот е паметен. Професорот ги прочитал сите книги на светот, а некои и ги напишал. Да, професоре. Така е, професоре. Вие како што ќе кажете, професоре. Јас не разбирам. Јас сум глуп. Леле ама сум глуп. Зошто сум толку глуп професоре? Професоре, нели нема никој поглуп од мене? Да, професоре. Така е професоре, само кажете што сакате. Смеам да ве носам учка? Сакате да ми го опнете професоре? Вие мене се најдобро ми мислите, а јас само гледам како да ве заебам. Вие ме раните, а јас ве лаам. Вие цел живот се борите за мое добро, а јас не сум свесен… Јас не заслужувам да живеам. Удавете ме, професоре, ама полека, да се мачам!”

“Што ако сум Хи – фи кога ова се куси ракави а надвор студи? Некоја цена мора да се плати!”

Во една прилика, читајќи за делото на Горан Стефановски, налетав на една многу интересна споредба: на Стефановски му беше доделен епитетот: македонскиот чирак на Шекспир. Што го оправдува ваквото насловување на доајенот на македонската современа драма?

Генијалноста на Стегановски се содржи во неговата вонсериска проникливост, да ги препознае и олицетвори македонските, а притоа општочовечките болести силно впиени во општествената и морална черга на народот, со таквата прецизност која му пркоси на секое временско врамување.

Ваквата прозорливост се должи на една исконска поврзаност на Стефановски со македонската срж која го освестува изворниот македонски сентимент пронижан во мотивите на неговите драми.

Карактеристично за драмата на Горан Стефановски е тоа што своите размислувања и дијагнози ги олицетворува во меѓучовечките, а поконкретно семејните односи помеѓу ликовите. Следствено, неговата драма е крик на вонвременото човечко во уздите на актуелната дијагностика на векот.

Во драмата Хај- Фај авторот говори за еден неодминлив судир помеѓу две генерации претставени во ликовите на дедото Борис и внукот Матеј, развиени во две различни општествени прилики кои диктираат различни вредности кои се меѓусебно некохерентни. Притоа, Горан Стефановски дава непосредна критика на манипулативниот апарат применет врз младата популација која се осудува да посегне по патот на идентификување на младиот човек.

Имено, Борис е 60 годишен човек кој се враќа дома по петгодишен престој во затвор. Во меѓувреме, во негоиот стан се населува 20- годишниот внук Матеј кој е на почетокот на својот пробив во професионалниот свет како музичар. Со него живее неговата девојка Мира, а домот е претворен во една раскрсница на која минуваат многу личности, несвојствени за македонското опкружување ( Арапот и Американецот). Борис не може да го препознае својот стан, а најмалку да го прифати начинот на живеење на својот внук.

Тука се согледува тој генерациски јаз кој бил доста очебиен во периодот на транзиција од еден во друг вид на општествено уредување, силно почувствуван во времето кога било напишано делото.

Сакајќи да го „исправи“ својот „застранет“ внук, Борис станува суров мачител на младиот Матеј посегнувајќи непосредно по неговиот личен идентитет со цел да го измени согласно со своите веќе одминати принципи. Ваквата намера ќе ја срози личноста на Матеј, уништувајќи го уште во својата срж на начин на кој младиот човек целосно ќе се изгуби себе си и ќе остане една нескладна лушпа на она што некогаш бил.

На тоа, Борис ќе ја увиди суровоста на својот пристап, но нема да постои начин на кој може да го врати она што го одзел сакајќи да го вкалапи младиот човек на новото време во формата соодветна за веќе одминатите времиња кои според својата природа не можат и не треба да бидат вратени.

Човекот е производ на времето во кое живеел и општеството во кое се развивал. Попречувајќи го природниот тек на личносниот развој подобно на личните ставови и фанатизмот кон минатото, создава една несигурна, длабоко извитоперена младина- неотповиклива штета која е доволно голема да срози многу времиња.

Според тоа, колку е човекот Хај – Фај? (high fidelity- висока доследност) Колку успеваме да останеме вистински доследни на себе си е прашањето кое ова дело ќе возбуди кај читателот, а насушни се неговите одговори. „Ќе бараш хи- фи? Нема, хи- фи Матеј. Тоа е измислица. Боговите ги мачат луѓето. Каде ти е косата? Убава ти беше. Јас не сакав да бидеш ваков. Не сакав вака да излезе. Зошто излезе вака? Зошто си ваков? Не смееше да дозволиш да ти го направам ова. Кој сум јас ова да ти го направам!? Што се случува со нас, Боже? (пауза) Кажи нешто, Матеј! “Што ако сум Хи – фи кога ова се куси ракави а надвор студи? Некоја цена мора да се плати!”

Наводи[уреди | уреди извор]