Ден на Обединетите нации

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ден на Обединетите нации
Ден на Обединетите нации
Офиц. називДен на Обединетите нации
Наречен иДен на ООН
Го празнува(ат)Меѓународни празници
ВидООН
Датум24 Октомври
ПрославаСостаноци, разговори, изложби, културни изведби
ПоврзаноСветски ден за информации за развој

Обединетите нации официјално настанале на 24 октомври 1945 година.

Во 1947 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласил 24 октомври, годишнината од Повелбата на Обединетите нации, како денот „што ќе биде посветен на објавувањето на целите и достигнувањата на Обединетите нации на луѓето во светот и добивање на нивната поддршка“ за нивната работа.[1]

Во 1971 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвоило дополнителна резолуција (Резолуција на Обединетите нации 2782) со која се прогласува Денот на Обединетите нации да биде меѓународно одбележување или меѓународен празник што препорачува дека треба да се одбележува како државен празник од страна на земјите членки на Обединетите нации.

Ден на сојузниците од Втората светска војна[уреди | уреди извор]

Првиот настан наречен „Ден на Обединетите нации“ бил ден на солидарноста и воени паради на сојузниците од Втората светска војна, започнат од американскиот претседател Френклин Д. Рузвелт поврзан со Денот на американското знаме на 14 јуни 1942 година, шест месеци по Декларацијата од Обединетите нации. Денот бил одбележан во Њујорк под името Парада „Њујорк во војна“, што била проследена и од Лондон и од советските и кинеските влади.[2][3][4][5][6][7]

Денот бил одбележан и во текот на Втората светска војна, од 1942–1944 година. Пред основањето на ООН, денот не бил директно поврзан со сегашното меѓународно почитување.

Комеморација[уреди | уреди извор]

Денот на ООН традиционално се одбележува низ целиот свет со состаноци, дискусии и изложби за достигнувањата и целите на организацијата. Во 1971 година, Генералното собрание им препорачало на земјите членки да го почитуваат како државен празник.

Неколку меѓународни училишта во Индија и други земји во светот, исто така, ќе ја прославуваат различноста на нивното студентско тело на Денот на Обединетите нации (иако настанот не се слави нужно на 24 октомври). Прославите честопати вклучуваат претстава на културни изведби навечер и саем за храна, каде што храната е достапна од целиот свет.

Во Соединетите држави, претседателот издава прокламација секоја година за Денот на Обединетите нации уште од 1948 година.[8]

Во Косово, Денот на Обединетите нации е официјален неработен ден, бидејќи покраината е под покровителство на мисијата за привремена администрација.

На Филипините, локалните ученици вообичаено се облекуваат во национални носии на земјите членки и одржуваат програма на Денот на ООН, што е последниот училишен ден пред семестарската пауза. На индивидуални студенти, класови или паралелки на одделенија им се доделеува земја што треба да се претстави и проучи; учениците го изработуваат знамето на одредената земја и подготвуваат културни претстави и храна како дел од едукативните активности на денот.

Комеморации за историја[уреди | уреди извор]

На Денот на Обединетите нации во 1951 година, Поштенската управа на Обединетите нации ги издала првите марки на ООН, издавани во американски долари, во Седиштето на ООН во Њујорк.[9]

Светски ден за информации за развој[уреди | уреди извор]

Светскиот ден на информациите за развој на ООН исто така се одржува на 24 октомври од 1972 година.

Човештвото влегло во ерата на одржливоста – со глобална посветеност да го исполни големото ветување на Агендата за одржлив развој 2030 година. Се слави на 24 октомври ширум светот. Многу институции го одбележуваат со организирање на натпревари и елоукции (елоквенција, убаво изразување). Da Potta групата на компании во Кенија, Танзанија и Индија го одбележуваат со разни дискусии.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. General Assembly на ООН Седница бр. 2 Resolution 168. United Nations Day A/RES/168(II) 31 October 1947. посет. 24 октомври 2008 г.
  2. Plesch, Dan (June 6, 2010). „The United Nations: The Free World's Great Parade“. History Today. 60 (6).
  3. „London Decked with Flags for United Nations - Other Countries Prepare to Celebrate“. Chicago Tribune. June 14, 1942. стр. 5.
  4. Plesch, Dan; Weiss, Thomas G. (2015-01-09). Wartime Origins and the Future United Nations (англиски). Routledge. стр. 5. ISBN 9781134668731.
  5. Bennett, M. Todd (2012-11-01). One World, Big Screen: Hollywood, the Allies, and World War II (англиски). UNC Press Books. стр. 113. ISBN 9780807837467.
  6. Churchill, Sir Winston S. (2013-04-01). The End of the Beginning (англиски). RosettaBooks. стр. 168. ISBN 9780795331787.
  7. Johnstone, Andrew (2016-04-22). Dilemmas of Internationalism: The American Association for the United Nations and US Foreign Policy, 1941-1948 (англиски). Routledge. ISBN 9781317150541.
  8. „Harry S. Truman: Proclamation 2811—United Nations Day, 1948“. www.presidency.ucsb.edu. Посетено на 2017-10-29.
  9. „History - UN Stamps“. unstamps.org. Посетено на 2020-01-26.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • UN Day (на англиски)