Демагогија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Демагогија претставува политичка стратегија со цел на стекнување на политичка моќ, преку одбрана на вообичаените предрасуди, стравови и очекувањата на еден колектив или општество. Типична стратегија на демагошките говори е реторика и пропаганда, како и популизам.

Според Аристотел, демагогијата е облик на воспоставување на демократија, по која доаѓа до тиранија на групата или поединецот. Демагозите, потпирајќи се на масата, сметајќи на нејзината незрелост, ветувајќи брзо исполнување на желбите, го забрзуваат целосниот преврат во државата.

Демагогијата е пракса со која власта ги оддалечува граѓаните од вистинското учествување во јавните работи.

Демагогот е личност која користи ораторски вештини со кои ги поттикнува стравовите на публиката, предизвикуваат омраза, алчност и параноја. Претставува вештина на харизматични лидери, а во современиот политички речник е навреда.