Прејди на содржината

Даруд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Даруд
Даруд во 2014
Животописни податоци
Родено имеТони-Вил Хенрик Виртанен
Познат(а) и како
  • Руд Бој
  • Да Руд
Роден(а)17 јули 1975(1975-07-17)(49 г.)
Еура, Финска
ПотеклоТурку, Финска
Жанрови
Занимања
  • Диџеј
  • музички продуцент
Период на активност1997–денес
Издавачи
СоработнициJS16
Мреж. местоdarude.com

Тони-Вил Хенрик Виртанен (фински: Toni-Ville Henrik Virtanen; роден на 17 јули 1975 година) познат по неговото уметничко име Даруд (Darude) ― фински диџеј и музички продуцент. Роден е на 17 јули 1975 година во финското село Хинерјоки во општината Еура.[1] На музичката сцена во Финска се појавил во 1995 година, а кон крајот на 1999 година го издал платинестиот[2] инструментален хит-сингл „Sandstorm“. Неговиот прв студиски албум, Before the Storm, бил издаден на 18 септември 2000 година и во светски рамки бил продаден во 800 000 примероци.[1] За албумот, Даруд освоил три Фински греми-награди.[1] Албумот се искачил на прво место на Официјалната топ-листа за албуми во Финска[3] и на 6-то место на топ-листата за денс/електронски албуми на Билборд во САД.[4] Вториот студиски албум на Даруд, Rush, во 2003 годинасе искачил на 11-то место на денс топ-листата од Билборд[5] и на 4-то место на неделната листа за албуми во Финска.[3]

Неговиот трет студиски албум, Label This! бил објавен во 2007 година.[6] Иако за разлика од неговите претходни албуми, овој албум не котирал добро на топ-листите, дигиталното списание Gawker го пофалило синглот „In the Darkness“.[7] Во 2011 година, Даруд бил коосновач на издавачката куќа EnMass Music, преку која објавил многу микс-компилации поврзани со неговата радио-емисија Salmiakki Sessions. По настапувањето на неколку фестивали како: Tomorrowland во 2014 година[8] и Future Music Festival во 2015 година,[9] тој на 14 август 2015 година го издал неговиот четврти студиски албум, Moments. По издавањето на албумот бил на турнеја низ САД и Канада (септември 2015 година).

Во 2019 година, Даруд заедно со пејачот Себастијан Рејман ја претставувал Финска на Изборот на песна за Евровизија, со песната „Look Away“. На Евровизија во Тел Авив настапиле во првото полуфинале, каде завршиле на последно место со 23 поени.[10][11]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
Студиски албуми
  • Before the Storm (2000)
  • Rush (2003)
  • Label This! (2007)
  • Moments (2015)
  • Together (2023)[12]
  1. 1,0 1,1 1,2 „Darude“. Eurochannel.com. Архивирано од изворникот на September 24, 2015. Посетено на August 17, 2015.
  2. „Platinum - UK“. BPI Music through Twitter. Посетено на July 6, 2015.
  3. 3,0 3,1 „finnishcharts.com – Finnish charts portal“. Hung Medien. Архивирано од изворникот на October 18, 2012. Посетено на August 8, 2011.
  4. [[[:Предлошка:BillboardURLbyName]] „Darude Album & Song Chart History – Dance/Electronic Albums“] Проверете ја вредноста |url= (help). Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на August 8, 2011.
  5. Wilson, MacKenzie (July 15, 2003). „Rush“. Allmusic. Посетено на August 17, 2015.
  6. „Label This! review“. findance.com. Архивирано од изворникот на August 14, 2007. Посетено на August 17, 2015.
  7. Cush, Andy (December 9, 2014). „How Darude's "Sandstorm" Became the EDM Track Everyone on the Web Knows“. Gawker. Архивирано од изворникот на August 17, 2015. Посетено на August 17, 2015.
  8. „Dates for Darude“. Resident Advisor. Посетено на August 17, 2015.
  9. Baroni, Nastassia (February 28, 2015). „Darude To Play Three Future Music Sideshows“. musicfeeds.com. Посетено на August 17, 2015.
  10. https://www.sbs.com.au/programs/eurovision/article/2019/01/30/edm-icon-darude-representing-finland-eurovision-and-people-are-losing-their-minds
  11. https://eurovision.tv/event/tel-aviv-2019/first-semi-final
  12. „Darude ei lepää laakereillaan – uusi albumi ja kiertue tulossa vielä tänä vuonna“. Rumba.fi (фински). 2023-10-03. Посетено на 2024-05-18.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]