Дамјан Симитчиев
Изглед
| Дамјан Симитчиев | ||
| Роден | 1873 Прилеп, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 1941 Прилеп | |
| Занимање | фармацевт | |
Дамјан Симитчиев (Прилеп, 1873 - 1941) — македонски фармацевт.
Животопис
[уреди | уреди извор]Симитчиев е роден во Прилеп во 1873 година. Фармација завршил во Лиеж, Белгија во 1898 година, како прв фармацевт во Прилеп. По 1900 отворил самостојна аптека. Покажал афинитет кон превентивната дејност и бактериологијата што ја изучувал во Лиеж до 1936 година. По враќањето во Прилеп го образовал населението и вовел задолжителна вакцинација на децата[1].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонска енциклопедија. II (прво. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 1358. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста
|isbn=: checksum (help).