ДСУ „Митко Пенџуклиски“ - Кратово

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Митко Пенџуклиски“

Место
Општина: Кратово
Место: Кратово
Основни информации
Основано: 22 август 1960
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал mitkopendzukliski.schools.edu.mk

За македонскиот револуционер и борец, по кого е именувано училиштето, посетете ја статијата - Митко Пенџуклиски

„Митко Пенџуклиски“ — средно училиште во Кратово, Општина Кратово[1].

Основање и развој[уреди | уреди извор]

На 22 август 1960 година од тогашнот Народен одбор на општина Кратово е основано училиштето „Митко Пенџуклиски“ како економско училиште. Тогаш училиштето започнало со една паралелка и осум наставника, додека денес учениците учат во 19 паралелки со 513 ученика и тоа 15 паралелки во гимазиско образование и 4 паралелки во стручното образование со образовен профил – прехранбен техничар. На 25 јули 1961 година Економското училиште се трансформира во гимназиско образование.

Училиштето почнало да работи во многу тешки услови, без училишна зграда, започнало да работи во тогашното ОУ „Кочо Рацин” во вечерните часови и тоа во трета смена. Во 1963 основачот на училиштето направил напори при што била изградена нова училишна зграда во која и ден денес е сместено училиштето. Во 1978 година во составот на училиштето започнал да работи ученички дом кој бил сместен во поранешната зграда на предучилишната установа „Царка Андреева“. Во 1982 училиштето добило нов адаптиран ученички дом кој до ден денес е сместен во истиот објект. Во 1984 била пуштена во употреба спортската сала. Во 1993 биле пуштени во употреба новоизградените кабинети и лаборатории за изведување на современа настава.

Во 2003 година училиштето било вклучно во проектот „Креативна настава и учење“ при што бил формиран училиштен тим кој добил задача да работи на подобрување на работата на училиштето.

На 4 декември 2003 во училиштето свечено била пуштена компјутерската училиница од страна на Министерот за образование и наука.

На 13 април 2005 била пуштена реалната училишна компанија „Мини пекара“ од СЕА проектот.

Денес работи и центарот за кариера каде учениците се оспособуваат за активно барање на работа.

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]