ДСТУ „Наце Буѓони“ - Куманово
ОСТУ „Наце Буѓони“ | |
| |
Место | |
Општина: | Куманово |
Место: | Куманово |
Адреса: | ул. „Бајрам Шабани“ б.б. |
Основни информации | |
Основано: | 1960 |
Директор: | Драган Јаневски |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Портал | https://nacebugjoni.mk/ |
Општинско средно техничко училиште „Наце Буѓони“ — средно училиште во Куманово, Општина Куманово.[1] Училиштето го носи своето име според македонскиот комунист и учесник во НОВ - Наце Буѓони.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Како резултат на брзиот развој на металската индустрија во Куманово, како и потребата од металски стручен кадар, Народниот одбор на Кумановската околија во 1960 година донел Решение за основање на Училиштен центар за стручно образование во металска насока подоцна познат како Метален центар „Наце Буѓони“. Училиштето започнало со работа на 1 септември 1960 година. Во почетокот училиштето започнало да работи со две паралелки и тоа една паралелка машински техничари со 43 ученици и една паралелка за индустриски работници со 46 ученици.[3]
Во 2009 година, училиштето располагало со 57 паралелки, од кои 32 со настава на наставен македонски јазик и 25 со настава на наставен албански јазик. Тогаш училиштето имало вкупно 1660 ученици од кои 940 со настава на македонски наставен јазик и 720 ученици со настава на албански јазик. Во училиштето наставата се изведува со четиригодишно и тригодишно траење.
Порано го носело називот Државно средно техничко училиште (ДСТУ) „Наце Буѓони“.
Структура
[уреди | уреди извор]Училиштето располага и со работилници за машинска и електро струка кои комплетно се опремени благодарение на донацијата од ГТЗ и во нив се изведува практична настава.За потребите на здравствената струка училиштето има кабинет за изведување на практичната настава. Дополнително образовање на учениците од здравствената струка се изведува и во Општата болница - Куманово.
Насоки
[уреди | уреди извор]Во О.С.Т.У “Наце Буѓони” Куманово се образуваат стручни кадри од:
- Машински струки
- Техничар за сметачко управување (четири години)
- Машинско-енергетски техничар (четири години)
- Машински механичар (три години)
- Електротехнички струки
- Електротехничар-енергетичар (четири години)
- Електротехничар за компјутерска техника и автоматика (четири години)
- Електромеханичар-ГТЗ (три години)
- Техничар за Индустриска Мехатроника (четири години)
- Здравствена струка (четири години)
Учество на натпревари
[уреди | уреди извор]Освоени награди
[уреди | уреди извор]Познати личности кои учеле во ова училиште
[уреди | уреди извор]Познати личности кои предавале во ова училиште
[уреди | уреди извор]Галерија
[уреди | уреди извор]-
Источното крило на училиштето
-
Источното крило на училиштето
-
Спортските терени и источното крило
-
Спортските терени и источното крило
-
Јужното крило на училиштето
-
Главниот влез
-
Биста на Наце Буѓони
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија“ (ПДФ). csoo.edu.mk. Архивирано (PDF) од изворникот 27 февруари 2020. Посетено на 15 јануари 2022.
- ↑ „Патронат“. ОСТУ „Наце Буѓони“. 11 октомври 2015. Архивирано од изворникот 9 февруари 2016. Посетено на 12 декември 2022.
- ↑ „Историјат“. ОСТУ „Наце Буѓони“. 31 мај 2013. Архивирано од изворникот 31 мај 2015. Посетено на 12 декември 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Поранешно службено мрежно место Архивирано на 9 април 2009 г. (на албански)
- Портал за основните и средните училишта во Македонија Архивирано на 16 октомври 2011 г.
- Службено мрежно место на Министерството за образование и наука